Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Книжари...попусти

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Книжари...попусти   Чет Јан 20, 2011 6:33 pm

Книжарниците се најдобар пријател на патникот: тие обезбедуваат лесно засолниште и покрив над главата во лоши временски услови, тие се сигурен извор на карти, книги, туристички водичи, често се домаќини на различни видови литературни читања и многу други културни настани. Еве неколку од најдобрите библиотеки ширум светот каде што можете да најдете речиси буквално се што ќе помилите и слободно ќе можете да уживате во стиховите од вашиот омилен писател:



1. City Lights Books, Сан Франциско, САД - Постои повеќе од шеесет години, а веќе има организирани средби со неколку американски книжевни икони меѓу кои Џек Керуак и Ален Гинзберг.

2. Librería El Ateneo Grand Splendid, Буенос Ариес , Аргентина - Таа е голема, прекрасена и најсилен кандидат да биде најубава книжарница во светот. Направена во 1920 година, во театарот во центарот на Буенос Ариес, сеуште ја чува оригиналноста на кабинетите со карактеристичниот мебел. Театарските сандачиња се претворени во интимни читални, а на сцената се наоѓа кафетерија.

3. Livraria Лело, Порто, Португалија - стара малку повеќе од 100 години, оваа книжарница останува една од најпознатите прекрасни продавниците во светот - најверојатно од секаков вид. Полисите се направени во нео-готски стил, во кој се врежани панели со португалски литературни фигури.
Извор
_______________________________________________________________________________________
Пишувајте информации, во врска со книжарите кај нас, каде има попусти, нови дела...?

__________________________________________________



Последната промена е направена од LadyD на Саб Фед 05, 2011 2:14 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Книжари...попусти   Чет Јан 20, 2011 10:48 pm

Од 14 до 31 јануари во кафе-книжарницата Магор ќе има големо снижување на магорските изданија. Станува збор за околу 300 книги од наши и странски автори.

КАФЕ КНИЖАРНИЦА - МАГОР Скопје

Адреса: Порта Буњаковец лок. 23 , Скопје
Тел: 02/ 3121 027
Тел: 02/ 3296 577
Web: www.magor.com.mk


Дел од понудата (наведените цени се со вклучен попуст):

Портрет на уметникот во младоста од Џејмс Џојс 250 денари
Бегалка од Марсел Пруст 250 денари
Три Жени од Роберт Музил 100 денари
Мол Фландерс од Даниел Дефо 340 денари
Надја од Андре Бретон (Награда за најдобар превод од Сојуз на литературни преведувачи) 250 денари
Снег од Орхан Памук 400 денари
Подрумите на Ватикан од Андре Жид (Награда за најдобар превод од Сојуз на литературни преведувачи) 250 денари
Фани Хил од Џон Клиланд 300 денари
Франкенштајн од Мери Шели 200 денари
Островот на д-р Моро од Х.Џ. Велс 250 денари
Орландо од Вирџинија Вулф 300 денари
Заточеникот во Зенда од Ентони Хоуп 250 денари
Убиство на теренот за голф од Агата Кристи 350 денари
Смрт на Нил од Агата Кристи 350 денари
Ракописот на Чанселор од Роберт Ладлам 350 денари

Извор
Извор

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Книжари...попусти   Чет Јан 20, 2011 10:53 pm

20.01.2011 - 20.02.2011:

"КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ" - 300.000 книги на попуст во Матица
Саемот на книгата "Книга во секој дом" е поддржан и паралелно се одржува во поголемите градови во Македонија, како Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Гевгелија, Велес.

Книжарница Матица Македонска
адреса: бул.Св.Климент Охридски 23-Скопје


Акцијата на "Матица", "Книга во секој дом" оваа година најавува спектакуларен број од 300.000 книги кои од четврток, 20 јануари до 20 февруари ќе бидат на попуст од 10% до 80%.
Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномираните светски компании како Харпер Колинс, Трансворлд, Орион, Парагон, Хермес хаус, Плато, Лагуна, Геопетика, Алнари и други, ќе бидат понудени наслови од светската проза, поезија, архитектура, уметност, гастрономија, здрав живот, лексикографија, филозофија, маркетинг и менаџмент, езотерија, енциклопедии, креативни проекти, друштвени игри.

Извор
Извор

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Книжари...попусти   Саб Фед 05, 2011 2:16 pm

Во книжарницата ТОПЕР на рекорд, има голем попуст на книгите од увоз - 199 денари

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Книжари...попусти   Чет Фед 10, 2011 4:38 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Книжари...попусти   Today at 10:21 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Книжари...попусти
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Култура и уметност :: Книжевност и литература-
Отиди до: