Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Олимпијада

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Олимпијада   Чет Јан 20, 2011 6:24 pm

Олимписките игри се меѓународен повеќеспортски настан кој се одржува на секои 4 години.
Олимписките игри (грчки:Ολυμπιακοί Αγώνες) се одржувале уште во античко време во Стара Грција во чест на богот Зевс. Првите антички олимписки игри се одржале во 776 п.н.е., а се одржувале константно на секои 4 години во древната Олимпија. Последните антички олимписки игри се одржале во 392, а веќе наредната година римскиот цар Теодосиј Велики игрите ги укинал.

Летните игри
Современите Олимписки игри започнале во 1894 година кога Пјер де Кубертен од Франција организирал неколку светски спортисти и се заложил за ревитализација на Олимписките Игри со формирање на Интернационалниот Олимписки Комитет. Две години подоцна, во 1896 година, биле одржани првите модерни Олимписки игри во Атина, Грција.

Зимските игри
Првиот зимски спорт (уметничко лизгање) бил вклучен во Олимписките Игри во 1908 година во Лондон. Во 1920 година, во Антверпен, бил додаден и хокејот на мраз. Првите зимски олимписки игри биле одржани во францускиот скијачки центар Шамони во 1924 година. Тие, всушност, биле предивдени како “Меѓународна спортска недела” која, во пресрет на осмите летни олимписки игри во Париз, требала да ги афирмира и зимските спортови. Но, начинот на организирање и учеството на 16 земји со 294 спортисти во 6 спортови, биле повод повеќе, ИОК, една година подоцна на заседанието во Прага, да им даде олимписка верификација на овие игри. Сè до Албервил 1992 зимската олимпијада се одржувала во иста година со летната, па потоа, од Лилехамер 1994, си го зазела местото во средината од секој олимписки циклус.

Градови на летните олимписки игри
1896 Атина, Грција
1900 Париз, Франција
1904 Сент Луис, САД
1908 Лондон, Англија
1912 Стокхолм, Шведска
1916 Прва светска војна
1920 Антверпен, Белгија
1924 Париз, Франција
1928 Амстердам, Холандија
1932 Лос Анџелес, САД
1936 Берлин, Германија
1940 Втора светска војна
1944 Втора светска војна
1948 Лондон, Англија
1952 Хелсинки, Финска
1956 Мелбурн, Австралија
1960 Рим, Италија⁄
1964 Токио, Јапонија
1968 Мексико Сити, Мексико
1972 Минхен, Германија
1976 Монтреал, Канада
1980 Москва, СССР
1984 Лос Анџелес,САД
1988 Сеул, Јужна Кореја
1992 Барселона, Шпанија
1996 Атланта, САД
2000 Сиднеј, Австралија
2004 Атина, Грција
2008 Пекинг, Кина
2012 Лондон, Англија
Извор


Официјалното олимпиското знаме е креирано од Пјер де Кубертин (Pierre de Coubertin) во 1914 година, и содржи 5 поврзани кругови на бела позадина. Петте круга ги симболизираат петте големи континенти, а поврзаноста го симболизираат пријателството. Круговите, од лево на десно, се : плав, жолт, црн, зелен и црвен. Боите се одбрани така што барем една од нив се појавува на знамето на некоја држава. Олимпиското знаме за прв пат е промовирано на Олимписките игри во 1920 година.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Олимпијада
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: