Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Моја диета

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Моја диета   Чет Јан 20, 2011 6:06 pm

Сакате да се чувствувате добро? Секогаш да сте насмеани и ведри? Ви предлагаме диета за добро расположение. Ќе изгубите килограми, ќе го обликувате телото, а а насмевката нема да ви се симне од лицето.

Изборот на здрави и хранливи намирници кои делуваат на нашето расположение, со доволно одмор и физички активности можете да поттикнете оптимално физичко и емотивно здравје.
Во првите две недели од програмата "Забрзување на доброто расположение" се елиминираат намирниците за лошо расположение, а на менито за јадење се наоѓаат само оние кои го подигнуваат расположението.
Во намирници за лошо расположение влегуваат големи количини на алкохол и кофеин, пржена храна, масно месо, масни грицки, рафиниран шеќер и скроб, а во добрите спаѓаат: банани, какао во прав, јајца, ленено семе, ѓумбир, бел лук, интегрални житарици, темнозелен лиснат зеленчук и портокалово овошје, соја и тофу.
Идеалниот режим на исхрана додека сте на оваа диета подразбира комбинирани три групи намирници за три оброци и два меѓуоброци.
Во другата фаза која се вика "Чувствувај се добро и уживај", диетата предвидува ограничено конзумирање на чоколадо или шеќер. Дури кога ќе ја постигнете саканата тежина, диетата преминува во фаза на добро расположение.
Оваа диета поддржува избор на намирници од групата која е најдобра за елиминација на стресот, а имаат и најголема нутритивна вредност.
Претставува холистички пристап на исхрана на телото и умот и заснована е на солидно научно утврдени принципи. Двете фази на диетата се здрави дури и ако траат подолг период, бидејќи се флексибилни во изборот на намирници.
Идеална е за сите оние кои им е потребна повеќе енергија низ исхраната и физичката активност и имаат потреба за промена на стилот на животот.
Извор
_________________________________________________________________________________________
Темава е отворена во врска со диетите,рецептите и начинот на кои сте воделе диета?

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Моја диета   Чет Јан 20, 2011 6:30 pm

Стручњаците советуваат: заборавете ги сите бројни и комплицирани инструкции како да се храните, заборавете на диетите, престанете да се оптоварувате. Се што треба да правите за да имате витка линија е да се придржувате до десет едноставни совети. Така ќе имате тело без вишок килограми.

Витко тело ќе имате ако примените некои од овие едноставни правила. Придржувајте им се секогаш.

Внесување и трошење на калориите
Обавезно информирајте се за потребната количина на калории дневно. Формулата е едноставна: доколку внесувате премногу калории, ќе се здебелите, а ако внесувате премалку калории, телото ќе биде исцрпено, а вие уморни и без концентрација.

Оброци
Јадете пет до шест мали оброци дневно. Прескокнувањето на оброците, доведува до глад, смалување на нивото на шеќер во крвта и со тоа ќе јадете повеќе благо. Затоа паметно избирајте го правиот оброк на три часа.

Овошје и зеленчук
Секој ден јадете пет до шест порции овошје и зеленчук. Овие две работи се вистински витамински бомби и толку се хранливи што нивното влијание во организмот тешко можете да го надокнадите со било што друго. Иако темното овошје и зеленчук се најздрави, секое е преполно со антиоксиданси и витамини.

Шарена храна
Погрижете се исхраната да ви биде урамнотежена и да ги исфрлите застоените маснотии. Се препорачува 40% од храната да биде житарици или овошје, 30% треба да биде здрави проетини кои се наоѓаат во пилешкото месо, а 30% треба да биде здрави маснотии - како што е маслиновото масло.

Квалитетен избор
Конзумирајте здрави јагленохидрати. Јадете житарици кои се наоѓаат во пченичниот леб, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте рафинирани јаглехидрати во шеќерот и белото брашно. Се препорачува и смалено внесување на алкохол, бидејќи пијалоците содржат најмногу нездрави јагленохидрати.

Порција
Припазете на големината на порцијата. Храната која во еден оброк содржи доволно количина на протеини не треба да биде поголема од дланката, а порцијата со јагленхидрати од раката.

Вода
Избегнувајте слатки пијалоци и овошни сокови. Пијте многу вода и нешто помалку чај. Стручњаците препорачуваат осум чаши вода дневно.

Риба
Три пати неделно уживајте во фина риба преполна со омега-3 киселина која ве штити од болести на срцето. Најдобро е таа да биде лосос, скуша или сардина.

Здрави грицки
Секогаш чувајте резерва на здрави грицки во случај на глад. Вашиот избор треба да бидат лешници, бадеми или јогурт.

Дозволени исклучоци
Понекогаш допуштете си на себе и благо и немојте да чувствувате грижа на совест поради тоа. Сосема е нормално од време на време да почувствувате потреба за чоколадо, чипс или некои колачи.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Моја диета   Сре Фед 09, 2011 12:11 pm

Јогурт за побрзо слабеење

Бројни студии покажале дека исхрана со намалено внесување на калциум доведува до зголемено дебелеење бидејќи масните клетки стануваат поголеми и помасни. Со додаток на јогурт во исхраната се забрзува губењето на телесната маса и се намалува величината на стомакот!

Научниците докажале дека дебелите возрасни луѓе ако воведат три оброци со јогурт без маснотии - губат 22% повеќе од тежината и 61% повеќе од телесните маснотии за разлика од оние кои не внесуваат доволно калциум со исхраната. Оние кои пијат јогурт губат 81% повеќе маснотии од стомакот отколку оние кои не го пијат.

Професорот Мајкл Земел (Michael Zemel), нутриционист од Универзитетот во државата Тенеси вели дека ваквата диета е два пати поефикасна за одржување на мускулната маса, бидејќи кога се држи диета луѓето сакаат да изгубат масно, а не мускулно ткиво.

Во клиничката студија научниците испитувале 34 здрави, но дебели испитаници кои ги поделиле во две групи. Испитувањето траело 12 недели.

Првата група испитаници пиела три пати на ден по 180 грама јогурт без маснотии, обезбедувајќи при тоа околу 1.100 милиграми калциум дневно.

Другата група добивала само по една порција јогурт и обезбедувала калциум од 400-500 милиграми дневно. Двете групи внесувале по 500 калории помалку од вообичаено за да се стимулира губитокот на телесната маса.

Како и што се очекувало, двете групи испитаници изгубиле телесна маса, но тој губиток бил поголем кај групата која пиела повеќе јогурт. Испитаниците кои пиеле по една порција јогурт дневно во просек изгубиле пет килиграми за 12 недели, додека испитаниците кои пиеле по три јогурти дневно изгубиле во просек по шест килиграми за истото време.

Чаша јогурт без маснотии ви дава доволно белковини, витамин Б12, калциум, цинк и останати хранливи состојки кои тешко ќе ги најдете во друг вид храна на едно место. Јогуртот има само 140 калории и има големо значење во одржувањето на цревната флора.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 37
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Моја диета   Чет Фед 10, 2011 4:26 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Моја диета   

Вратете се на почетокот Go down
 
Моја диета
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Диети-
Отиди до: