Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Срцеви болести

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Срцеви болести   Чет Јан 20, 2011 4:45 pm

Неколку болести на срцето заедно со симптомите и причини за појава:

ПЕРИКАРДИТИС е воспаление на обвивката на срцето, причини се: бактериски и вирусни состојби, туберкулоза, инваркт на миокардот и др. Може да биде акутен и хроничен. Знаци се: зголемена температура, потнење, силна болка во градите, градна коска, забрзано и површно дишење, општа слабост и омалаксалост и депресивни состојби проследени со страв.

МИОКАРДИТИС е воспалителен процес на срцевиот мускул, најчесто поради ревматизам, туберколозасифилис, бактериски и вирусни состојби, алергии и друго. Симптоми се отежнато дишење, забрзана работа на срцето, низок притисок, ладни раце и нозе, помодрени прсти и нокти на рацете и слично.

ИНСУФИЦИЕНЦИЈА е слабост на срцевиот мускул, поради што срцето не е во можност да го одржува ритамот на работа. Причини се: разни срцеви оштетувања, оштетување на залистоците, зголемен крвен притисок, миокардитис, инфарцт на миокардот, артериосклероза, вродени срецви мани и сл. Инсувициенцијата се јавува кај стари луге. Се манифестира со забрзано и површно дишење, суво кашлање, вознемиреност, несоница, набрекнати вратни жили, отоци по раце и нозе, чукање на срцето.

АНГИНА ПЕКТОРИС е болест поради лоша исхрана на срцевите крвни садови и недостаток на кислород. Причини се: зголемен крвен притисок, шекерна болест, гојазност, алкохол, тутун. Знаци се: градни болки, болки во левата рака и грбот, доста јаки и силни, се јавува стегање, притисок и задушување. Времетраење на болката е до 10 минути, обично се јавуваат кај тешка физичка работа и високи температури.

НЕРВОЗНО СРЦЕ. На почетокот не е сериозно заболување, се чувствува физичка исцрпеност, чувство на задушување, ладна пот на челото и слично.

ТАХИКАРДИЈА е забрзана работа на срцето и до 200 пати во минута. Причини се: стресови, температура, крварење, предозираност со кафе, алкохол, цигари, болест на тироидата. Знаци се брзо дишење, силен притисок во градите, чувство на недостаток на воздух и аритмија.

БРАДИКАРДИЈА е појава кога срцето отчукува помалку откуцувања од 50 во минута. Причини се: старост, истоштеност, тумор во мозокот, менингитис, жолтица, тифус и друго. Знаци: чувство на измореност, вртоглавица, темнеење пред очите, мал крвен притисок, отоци по рацете и нозете. Можно е да се дојде до оштетувања на работата на други органи.
Извор
_________________________________________________________________________________________
Ова е само мал вовед, за можните болести на срцето.Доколку ви требаат совети,информации,или пак истите сакте да ги кажете и пренесете искуствата, темата е отворена со таа цел.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 37
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Срцеви болести   Чет Јан 20, 2011 5:57 pm

Надополнување

Екстрасистоли или предвремени удари на срцето настануват кога центарот за создавање на срцеви импулси ќе испрати предвремен импулс, кој ќе се прошири низ целото срце или само во еден дел од срцето.

Многу фактори може да предизвикаат екстрасистоли: затнување на крвните садови на срцето или коронарна артериска болест, акутна и хронична ревматска болест на срцето (валвулопатии) кардиомиопатии, срцева слабост, покачен крвен притисок (хипертензија), прекумерно уживање на кафе и никотин, разни заболувања на стомачните органи( на пример, хијатус хернија), зголемена функција на тироидеата како и земање на некои лекарства (дигиталис).

Честопати екстрасистоли имаат и здрави луѓе.Тоа се функционални екстрасистоли, кои се безопасни и не се проследени со органско заболување на срцето или други екстракардијални ( надворешни причини) за срцевата аритмија.Овие екстрасистоли не треба да се третираат со лекови, антиаритмици. Најдобро реагираат на средства за смирување ( седативи).
За откривање на овие нарушувања на срцевиот ритам и за нивно правилно лекување и спречување најчесто се користи ЕКГ, 24 часовен динамичен ЕКГ-Холтер , коронарен стрес тест.

Извор

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
 
Срцеви болести
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на возрасните-
Отиди до: