| Белење заби | |
|
|
Автор | Порака |
---|
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Белење заби Пон Јан 24, 2011 5:55 pm | |
| Белење забиЕден од најпопуларните зафати во естетската стоматологија е белењето на заби. На пазарот постојат разни методи и материјали со кои можат да се избелат забите, а сите се базираат на хидроген – пероксид ( за професионално белење) или карбамид – пероксид ( за домашно белење, кое го препорачува стоматолог). До сега како најуспешна метода за белење се покажа зоом2 технологија. Белењето трае околу еден час, а резултатите се ефектни и забите се посветли од 6 до 8 нијанси. Додека други недостатоци кај забите, како недостаток на заб нерамни заби и слично, кои го расипуваат вашиот изглед, денес се решаваат лесно. Со стоматолошка протетика. И доколку се нема заби и тоа се решава со имплантанти или протези. Во фиксна протетика спаѓаат круни и мостови. Имплантантите денес се почесто се дентални надоместоци кои со развојот на техниката се покажаа 98% успешни. Еднаш ставен имплантант,ја чува коската и може да се користи како носач за сите врсти стоматолошки работи. Извор_________________________________________________________________________________________ Дали некогаш сте извршиле белење на забите, колку ве коштало,како сте задоволни, колку време е видливо,понатамошното одржување....? | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Пет Јан 28, 2011 2:53 am | |
| Јас денес исцедив малку лимон и ставив сода бикарбона помешав заедно се и така ги триев забите со шетка, ми се обелија малку верувале или не, супер | |
|
| |
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Белење заби Пет Јан 28, 2011 11:05 am | |
| Lady D јас колку што знам штетно е тоа белење на забите, ако сакаш постручен совет да ја седнам мајка ми да напише некој пост на компјутеров | |
|
| |
Mirjana Нов член
Број на мислења : 128
| Предмет: Re: Белење заби Пет Јан 28, 2011 12:28 pm | |
| I jas znam deka necini da se belat barem ne cesto zosto se ronat , taka sum slusala. | |
|
| |
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Нед Јан 30, 2011 3:12 am | |
| Немам некој проблем со белината на забите-не се снег,но се супер (за мене)....., но се ближи матура,слушав другарки се интересираат за белеење,беше тема на муабет,па сакав и јас да се распрашам.Чисто информативно. - Sara напиша:
- Lady D јас колку што знам штетно е тоа белење на забите, ако сакаш постручен совет да ја седнам мајка ми да напише некој пост на компјутеров
Или седни ја мајкати, или земи нотес,прибележи, па пренеси ни | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Нед Јан 30, 2011 4:10 pm | |
| Sara ај тогаш прашај ја мајка ти дали е штетно белеењето со лимон и содабикарбона, јас еднаш до сега тоа го применув и имаше ефект. | |
|
| |
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Нед Јан 30, 2011 5:42 pm | |
| Покрај тоа што вели БетиБуп, прашај и дали можеби она препорачува нешто друго? | |
|
| |
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Белење заби Нед Јан 30, 2011 10:55 pm | |
| Сега ја прашав и како што спомнав погоре, не го препорачува белењето на заби. Баш истражувала на оваа тема, дали да започне со нудење на оваа услуга белење на заби или не, но сепак крајниот заклучок на стоматолозите е дека е штетно белењето на заби, иако повеќето го препорачуваат, моментално забите се побели, но со тек на време тие добиваат кречна боја, го губат оној сјај, и не изгледаат воопшто природно, вештачки бели изгледаат. Со тоа им се намалува отпорноста на забите, бидејќи се вади оној заштитен слој и стануваат понеотпорни, побрзо се расипуваат и слично. Исто така рече дека единствено би прифатила да ја дава оваа услуга белење на забите, само од финансиски аспект, значи повеќе штета има од корист.
Таа препорачува чистење на забите со сода бикарбона еднаш месечно, бидејќи така се чисти плакот (забните наслаги). | |
|
| |
LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Нед Јан 30, 2011 11:47 pm | |
| Фала Сара на информацијата. А кажи ми и лимон да се цеди, или само со сода бикарбона? | |
|
| |
Sara Активен член
Број на мислења : 192 Возраст : 42
| Предмет: Re: Белење заби Нед Јан 30, 2011 11:51 pm | |
| Не ми спомна лимон, ама сигурно нема штета малце витамин Ц | |
|
| |
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Пон Јан 31, 2011 12:39 am | |
| Јас кога исцедив лимон и помешав со сода ми се створи пена, со четката ги истрлав забите и посте целата уста ми режеше , морав да ја плакнам со раствор за смирување на непцата од лакалут. | |
|
| |
Сонце Администратор
Број на мислења : 415 Возраст : 43 Место : Скопје
| Предмет: Re: Белење заби Чет Фед 10, 2011 3:54 pm | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Белење заби | |
| |
|
| |
| Белење заби | |
|