Што се случува во мигот на умирање?Мигот на умирање доаѓа кога срцето престанува да чука, а мозокот да работи. Пред тој миг дишењето станува неправилно, а многу краткиот здив се заменува со долг здив. Течноста може да навлезе во белите дробови поради високиот крвен притисок. По прекинувањето на работата на срцето воздухот веќе не влегува во белите дробови и не излегува од нив.
Ткивата не можат да функционираат без кислород. Само по 10 секунди без кислород електричната активност на мозокот се намалува. За 4 минути мозокот е неповратно оштетен. Зениците на окото се шират и веќе не реагираат на светлина. Телото се лади и ја губи нормалната топлина од 37 степени целзиусови, а мускулите се вкочануваат во рок од 4 до 6 часа.
Смртта настапува затоа што поради болестта откажуваат срцето или белите дробови или прекинуваат да работат поради смртоносно оштетување на некој друг витален орган.
Извор__________________________________________________________________________________________
Дали можеби имате Танатофобија(смрт)?