Пушењето го оштетува човечкото тело само неколку минути по
конзумирањето на цигарата, тврдат амерички научници.
Неодамна објавено истражување покажува дека пушачите навистина треба да почнат да размислуваат да се откажат од оваа лоша навика. Всушност, истражувањето покажало дека хемикалијата која предизвикува рак, прави штета многу брзо по конзумирањето на цигарата.
Веќе долго е познато дека пушењето предизвикува болест на срцето,рак,болести на белите дробови. Со новото истражување е докажано дека штета во човечкиот организам настанува само неколку минути откако ќе се испуши цигарата. Во истражувањето учествувале 12 волонтери кај кои се пратело нивото на полициклични ароматчни јаглероводороди, по пушењето на цигарата.
Истражувањето покажало дека се потребни 15 до 30 минути за хемикалијата да почне да влијае на телото и да ја уништува ДНК.
Научниците истакнале дека истражувањето треба да биде предупредување за сите пушачи, но и за оние кои би можеле да станат.
"Сите знаат дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, но ова истражување покажува дека тој процес не почнува за 30 години туку за само 30 минути" вели Martin Dockrell, директор на истражувачкиот центар Ash.
Dockrell додава дека никогаш не е доцна да престанете да пушите, но што побрзо тоа подобро.
ИзворДали сте пушачи, и ако сте дали сте свесни колку пушењето ви пречи, дали можеби тоа го приметувате на себе? Превземате или мерки за да се откажете од пушењето?
Лично јас не сум пушач, секогаш сум велела подобро чоколадо да си купам милка секој ден него ли на цигари да ги трошам.Неможе нешто што е грдо, да ми биде задоволство.Едноставно сум пресреќна што ни јас ни дечко ми не сме пушачи.