Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Љубомора

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Љубомора   Чет Јан 20, 2011 12:54 pm

Љубомората ја уништува љубовта
Ретки се луѓето кои никогаш не се почувствувале љубоморни. Природата на љубовта е таква што оној кој сака може и да престане да го прави тоа. Затоа саканата личност може да почувствува страв дека ќе ја изгуби љубовта. Кога е причина за нешто трето, се јавува љубомората.

Љубоморна личност мисли дека заради трета сакана личност ќе престане да ја сака или дека таа трета ќе ја засака повеќе од што ја сака неа. Функцијата на чувствување на љубомора е во тоа што и сигнализира на личноста дека односот на љубовта е загрозен со што би требало да се превземе некоја акција која ќе го заштити тој однос. Но, кога љубомората е претерана, постојана и патолошка, наместо да служи за зачувување, таа ја уништува љубовта.

Постои еден вид на љубомора во кој личноста е љубоморна на својот партнер поради нешто што се случило во минатото, пред да го запознае, пред да се засакаат и пред да си ветат еден на друг верност. На пример, иако партнерката ја запознал неколку години по раскинувањето со нејзиниот бивши дечко, партнерот е постојано љубоморен на нивниот некогашен однос.

Ова чувство на љубомра е такво што личноста во секогашноста се лути на својот партнер за нешто што се случувало далеку во минатото. Како личноста во секогашноста да бара од саканата личност да го промени своето однесување во минатото. Како што е тоа невозможно, така и овој вид на љубомора нема функција во заштитата на љубовниот однос.

Способноста да се почувствува љубомора за нешто од минатото лежи во природните ментални процеси кои во основа се иновативност и имагинација. Типичен начин на кој личноста кај себе го изразува чувството на љубомора е тоа како сликовите го замислува партнерот како разменува нежности со некој/а друга.

Човечката слика е така направена што менталните слики кои се резултат на замислувањето и иновативноста недоволно ги разликуваме од оние ментални слики кои се резултат на перцепцијата на моменталната реалност.

Заради тоа личноста еден дел верува на себе дека она што го замислува навистина се случува сега. Затоа реагира со силна љубомора. А кога ќе ја изрази партнерот, тој е немоќен бидејќи личноста протестира заради нешто што се случило и што не може да се промени. Таа може да тврди дека тоа е далечно минато, дека тој некогашен однос е завршен, али тоа обично не ја смирува имагинацијата на предизвиканата љубомора.

Чувството на љубомора е сигнал дека личноста се плаши дека може да ја изгуби љубовта, секогаш е добро на овој сигнал да се одговори со потврдување на љубовта. Нежна прегратка, бакнеж и изјавување љубов можат да ја смират личноста која заради љубомора е премногу вознемирена.

Она што секако не треба да го правите е да прифатите на барањето на љубоморната личност детално да и опишете некои ситуации со некогашниот партнер. Деталите ја зголемуваат сликовитоста која ја инспирира имагинацијата, а таа пак љубомората.
Извор
__________________________________________________________________________________________

Дали сте љубоморни,колку,како го изразувате тоа, како се справувате,вашите ставови и мислења?

Јас сум љубоморна, и секогаш со причина, тоа отворено му го кажувам на дечко ми ,со цел да си знае што ме нервира, и што не сакам.Едноставно свесна сум дека во поголемиот дел 95% тој воопшто не е виновен,но сепак да може максимално да влијае одредени дејствија да не се повторат,а и тие остатокот 5% намерно ми ги прави-и самиот си кажува.
Несакам љубоморни сцени и глупости,секогаш се воздржувам - до онаа црвена граница,кој а 3 пати за 5 години била премината (кога ќе имам време ќе ги пишам ти три случаеви во темата "Нападни девојки")
Како и да е, сметам дека без грам љубомора,нема искрена љубов.Но се во границите на нормалата.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
tanja.v
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 148
Female Возраст : 38
Место : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Љубомора   Чет Јан 20, 2011 2:46 pm

sum ljubomrna nevikam ne ama vo granici na normala ,eve mene sto mi se desi se vraka kerkami od skolo i mi vika mamo kaj tato vo pogon dojdoa dve zeni a vratata e zaklucena страв

mene mi vivna glavata ,mu se javuvam mu vikam sto pravis eve vika dojdoa edni babi da gledaat za garnitura ,juas spustiv i pravec kaj nego koga gledam dve babi od po 80 god
koga si zaminaa koga fativ da se smea mu vikam abe jas puknav od nervoza koj zenski se kaj tebe ,a kerkami so mene i vikam nli mu bese zaklucena vratata na tatkoti a ona mi vika pa mene taka mi se vide od daleku ,taa ja videla vratata zatvorena i mislela zaklucena e
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 30
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Љубомора   Чет Јан 20, 2011 2:47 pm

И јас сум љубоморна. Имам причина за да бидам љубоморна. Кога му кажувам на дечко ми зошто сум љубоморна, тој ми вели дека нема потреба да бидам љубоморна (а има потреба). Му укажувам на грешките, а тој не ме слуша. Си тера по свое.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Љубомора   

Вратете се на почетокот Go down
 
Љубомора
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: