Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Заљубеност-љубов

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Заљубеност-љубов   Чет Јан 20, 2011 12:40 pm

Што за вас претставува,заљубеноста,поточно љубовта?Како вие би го дефинирале тоа на свој начин?
_______________________________________________________________________________________

За заљубувањето се направени многу научни проучувања и се изнесени многу теории. Според една од нив, во љубовта постојат три етапи: страсна желба, привлечност и поврзаност. Страсна желба, привлечност и приврзаност. Страсната желба не наведува на потрага по партнер, привлечноста ни помага да го сосредоточиме вниманието на соодветниот партнер, а приврзаноста ни гарантира дека партнерите ќе останат заедно и ќе го одгледуваат породот. Испитувањата на процесите во мозокот укажуваат на тоа дека привлечното лице го поттикнува мозочниот центар на задоволството. Во текот на заљубувањето мозокот ослободува хемиска супстанција слична на амфетаминот, со што се објаснува наливот на возбудување, забрзана работа на срцето, губење на апетитот и лошиот сон. Наливот на емоции во првите неколку недели и месеци по запознавањето на партнерот обично не трае многу долго. Научниците тврдат дека етапата на привлечност трае од 18 месеци до 3 години. По тој период продолжувањето на врската значи создавање постојана приврзаност, заснована врз заеднички интересирања, пријателство и обврска. Во основата на оваа теорија е дека по 3 години секое дете е доволно биолошки израстено, па парот може да се раздели и да почне од почеток.

Мирисот и привлечноста

Научниците откриле дека луѓето имаат различен вкус во поглед на телесните мириси. Во една студија мажите речиси секогаш повеќе го сакале мирисот на жената чиј имунолошки систем се разликувал од нивниот. За тоа постои оправдана причина: децата на родители со различни имунолошки системи имаат најголеми изгледи да се одбранат од болести.

Извор: ЧОВЕК – Голема Илустрирана Енциклопедија, Младинска книга Скопје, 2007, стр. 210


__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Заљубеност-љубов
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: