Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Бакнување

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Бакнување   Чет Јан 20, 2011 12:03 pm

Бакнувањето е пријатно и здраво. Тоа е најдиректна

форма на физички израз на љубов, безразлика дали се работи за страст или љубов. Но, многу научници и понатаму се обидуваат да одговорат на прашањето зошто луѓето кога се бакнуваат ги затвораат очите. Можете ли воопшто да ја замислите сцената да се бакнувате со отворени очи?
Едноставно инстиктивно ги затвораме очите за време на бакнувањето. Зошто ? Една од теориите вели дека очите ги затвораме за да ги ублажиме јаките емоции кои ги чувствуваме за време на бакнувањето.
Постои и мислење дека очите ги затвораме поради визуелната перцепција со лицето со кое се љубиме. Всушност, кога се бакнувате многу сте приближени и не можете доволно јасно да го видите лицето на партнерот, или го гледате прејасно. Па, за да ја избегнете оваа ситуација едноставно затворете ги очите. Која теорија по вас е точна ?
Извор



Водич кон прекрасно бакнување

Бакнежот ги поттикнува емоциите и страста кај партнерите. Постојат неколку техники за бакнувањето да го доведете до совршенство.
Како до првиот бакнеж:

Скрши го ледот, на почетокот на состанокот бакни го партнерот во образ, кога ќе дојде време за вистински бакнеж и двајцата ќе бидете многу по релаксирани.

Допри го партнерот во текот на вечерта, но допирот да не трае премногу долго, користи самопроцена.

Чекај го вистинскиот момент за претставување на себе си.

Читај го јазикот на телото. Дали партнерот се приближува кон тебе?
Чекор- по чекор:

Благо искриви ја главата, затвори ги очите (за да ја почувствуваш сензацијата на бакнежот) .

Бакни нежно и меко со малку отворена уста.

Внимавај на мирисот на здивот.

Нежно движи го своето тело кон неговото, ако тој ти одговори на ист начин, тогаш доближи ги своите гради кон него, а потоа и половината и колковите.

Почувствувај го ритамот на својот партнер и следи го.

Јазикот:

Нежно истражувај со јазикот по внатрешноста на неговата уста, обрнувајќи внимание на емоциите и ритамот на партнерот.

Потоа играјте се со јазиците.

Што треба, а што не, додека се бакнувате?

Без лигавење- влажноста не треба да биде поголема од нормалната.

Не ги стегајте усните- дозволете вашите усни да бидат релаксирани, а не стегнати.

Кокетирајте- бидете нежни отпрвин. Дај му шанса на партнерот да ги бара и сам да дојде до твоите усни.

Користете ги сите сетила водете љубов преку усните.

Бидете свесни за својата орална хигиена.

Не притискајте ги премногу своите усни, кон усните на партнерот, затоа што може да боли, а нему ќе му биде тешко да возврати.

Техники за специјален бакнеж:

Благо грицкање на усните.

Нежно шмукање на долниот дел на уста.

Држете ја главата на партнерот со двете раце и страсно бакнувајте го.

Бидете креативни, изградете свој стил на бакнување, не се задржувајте на еден начин.

Дозволете јазиците да танцуваат заедно.

Користите чоколадо, мед или други слатки, за усните да бидат вкусни и слатки.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Бакнување   Чет Јан 20, 2011 8:07 pm

Колку е стар бакнежот?


Во античко време, бакнежот почесто претставувал чин на почит отколку на љубов.

Во Персија, маж ја покажува својата поцик кон друг маж со бакнување на усните, ако тие се социјално еднакви, или со бакнување на образот ако не се. Грците и Римјаните исто така имале обичаи на бакнување во знак на почит или поздрав, бакнувајќи ги устата, очите, рацете, дури и колената или стапалата.

Помеѓу раните Христијани, “светиот бакнеж” бил знак за другарство. Социјалниот обичај на бакнување продолжува, а бакнежот станал дел од додворувањето и љубовта, најпрво во Франција, а потоа во сите други земји во светот.

Но, денес се уште постои бакнувањето во знак на почит или бакнувањето за добредојде. Националните лидери често се бакнуваат еден со друг на образот во знак на поздрав кога ќе се сретнат.

Рекордот на непрекинато бакнување е поставен во 1978 година, кога една двојка без прекин се бакнувала 130 часа.
Извор
________________________________________________________________________________________

Темата продолжува со вашите коментари,мислења и надополнување...

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Бакнување
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: