Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Што сакаат жените

Go down 
2 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Што сакаат жените Empty
ПишувањеПредмет: Што сакаат жените   Што сакаат жените EmptyЧет Јан 20, 2011 11:25 am

Жените ништо толку не одбиваат колку очајни мажи кои постојано се вртат околу нив. Доколку не ви се јави, не одговара на вашите пораки и повици, едноставно не е за вас. Кренете раце и пронајдете друга жена.

Нападнатоста одбива
Мажите сакаат да имаат секс со жените и они се свесни за тој факт. Многу луѓе на светов сакаат секс и ќе го сакаат засекогаш. Но, нападнатоста е најголема грешка што мажот може да ја направи. Но, не е па и добро да бидете премногу ладни, бидејќи ќе оставите впчеаток дека воопшто не се трудите. Потрудете се да ја освоите со ситници и прав став. Само така ќе започнете добар однос.

Таа обожава внимание
Жените сакаат да разговараа за различни теми , чуства, работа, нови чевли. Што да предложите, тие ќе почнат за тоа да зборуваат. На жените најважно им е навистина да ги слушате и да обратите внимание што ви зборуваат.

Жените сакаат џенталмени
Плаќањето на сметката на првиот состанок е секогаш зезната ситуација. Но, никогаш немојте да дозволите жените да го платат својот дел, колку да било тоа исправно. Покажете велокодушност бидејќи жените сакаат џенталмени и сакаат да се чуствуваат како дами.

Не ги покажувајте маните
Мажите се често несигурни бидејќи се плашат да не остават лош впечаток. Недостатокот на самоувереност ги покажува сите слабости, а жените не сакаат да имаат проблеми со слабаци. Сите имаат свои мани, но немојте да ги покажувате или да ги искористите и претворите во предности.

Комплиментите ги отвараат сите врати
Пофалете ги жените и сите врати ви се отворени. Девојката ќе биде среќна што и ласкате, а вие полесно ќе ги остварите своите желби. Запамтете дека среќна жена знаци среќен живот.
Извор


Последната промена е направена од LadyD на Чет Јан 20, 2011 11:54 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Што сакаат жените Empty
ПишувањеПредмет: Re: Што сакаат жените   Што сакаат жените EmptyЧет Јан 20, 2011 11:53 am

Жените сакаат да го слушнат,веќе дадениот одговор во својата потсвест-односно го сакаат одговорот што нив би им се допаднал,но да го слушнат тоа од својот партнер

Веќе е 19:30. Опкружен си со деловните документи на компјутер, пиво на масата и пренос од натпреварот. Влегува таа, а со неа влегува и неизбежното прашање: "Како го помина денот". Ова е тест. Сакаш да го поминеш?

Не е вистина дека мажите не сакаат или не умеат да зборуваат. Всушност, едно истражување спроведено на Универзитетот во Санта Круз открило дека мажите се позборлести од жените.

Иако жените често го поттикнуваат разговорот, мажите водат во бројот на кажани реченици. Мажите истотака зборуваат подолго и даваат повеќе предлози.

"Мажите комуницираат во права смисла на зборот", вели за "Men's Health" др. Одри Нелсон, стручњак за комуникација помеѓу половите. "Јазикот одлично ги служи во деловниот свет, но им прави проблеми со жените".

Научете како да ја минимизирате вербалната штета и да остварите многу поубав однос и друштвен, а не оној другиот.

Таа прашува: "Со колку жени си бил?"
Вистински одговор: "Сум бил во врска со доста жени, но ниедна не ми била доволно битна за да ја издвојам."
Погрешен одговор: "Па, да заокружам на четиринаесет."
Таа сака да слушне: "За разлика од другите, ти си доволно битна да те издвојам."

Таа тоа ќе го слушне и прифати иако вие во тој момент не знаете точно како се чувствувате. Ниту една жена не сака да биде само еден плен во низата. Таа сака да се чувствува ценето во и надвор од спалната соба. "Нагласете го тоа дека вашето однесување од минатото не е показател дека такви ќе бидете сега", вели др. Сандос Гардос, сексуален терапевт. "Не мора да влегувате во детаљи."

Таа прашува: "Дали во ова изгледам дебело?", а изгледа.
Вистински одговор: "Не, но те затвора. Многу си посекси во оној црн фустан."
Погрешен одговор: "Па не рекол баш дебела, но..."

За вас е ова иритирачки и јадно. Психолозите тоа го нарекуваат "приказна за дебелината" - начин да се поврзе таа со други жени, но истотака и тактика да ви покаже дека води сметка на себе, вели едно истражување.

Исфрлете го зборот "дебела" од својот речник - ако го изговорите, саканата порака нема да стигне до примачот, т.е. до неа.

"Наместо тоа нагласете го она што е позитивно", вели Нелсон. Нема потреба да го спомнувате нејзиниот крофнест стомак. Предложете и комбинација која подобро и стои и дадете и комплимент на сметка на нејзиниот изглед.
Извор
___________________________________________________________________
Точно е дека на моменти посакувам, и просто изнудувам од партнерот да слушнам одредени зборови-бидејќи во тој момент чувствувам потреба од нив.
Но уште повеќе сакам кога партнерот е искрен кон мене, и знам дека тоа што тој самиот го кажал, без индиректно иницирање од моја страна, е искрено и навистина тоа го мисли.
Какви се однесувате вие во оваа сегмент?
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Што сакаат жените Empty
ПишувањеПредмет: Re: Што сакаат жените   Што сакаат жените EmptyЧет Јан 20, 2011 12:28 pm

па нормално е сите да ја сакаме вистината и партнерот треба да биде тој кој нема да се плаши да ни ја каже, а ние нема да го убиеме и ако слушнеме дека сме дебели како одговор на прашањето. меѓутоа убаво е пак да се чујат убави зборови ете на пример дека во моментот сте прекрасно облечени, или дека фармерки супер ви стојат, или дека вечерта убаво сте си поминале или дека му се допаѓа подарокот кој сте му го купиле и со душа чека да се пофали или дека кога купувал за него нешто му текнало и за вас да земе па макар и чоколадо да е тоа и да не набројувам ги има многу.секој се лути кога ќе го допрете до некоја болна точка ама така убавите мали работи кои се секодневие некако ги надополнуваат другото. а и ние жените знаеме да бидеме итри па поставуваме двосмислени прашања па човек да се чуди што да одговори. Благодарам
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Што сакаат жените Empty
ПишувањеПредмет: Re: Што сакаат жените   Што сакаат жените Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Што сакаат жените
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: