Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Кодот на Да Винчи

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Кодот на Да Винчи   Чет Јан 20, 2011 10:50 am

Кодот на Да Винчи претставува експлозивна комбинација на расен трилер, есеј за историјата на уметноста и религискиот симболизам – мистериозни убиства, фасцинантни езотерии, што настанале во текот на историјата на Западот, природата на насмевката на Мона Лиза, тајните на Светиот грал...

Ден Браун, како негово четврто дело, го објавува Кодот на Да Винчи во 2003 година и само за една недела од издавањето книгата успева да се искачи на првото место на листата на бестселери на весникот New York Times.

Накратко, прочитајте ја содржината на книгата: Во текот на својата службена посета на Париз, харвардскиот стручњак за симбологија Роберт Ленгтон дознава дека во Лувр бил убиен стариот кустос, а до неговиот труп бил најден еден загадочен код. Обидувајќи се да ја решат бизарната загатка, Ленгтон и француската специјалистка за криптологија Софи Неве, постепено сфаќаат дека трагите за решението се скриени во делата на Леонардо Да Винчи. Сè ќе се искомплицира дополнително кога Ленгтон ќе ја открие вчудовидувачката алка: покојниот кустос бил поврзан со Сионскиот приориум, вистинско тајно друштво чии членови биле Сер Исак Њутн, Ботичели, Виктор Иго, Леонардо да Винчи и многу други. Ленгтон се сомнева дека се наоѓаат во лов на историска тајна и, ако не успеат да ја дешифрираат загатката, тајната на Сионскиот приориум и древната вистина ќе бидат загубени засекогаш.

Па, доколку горепрочитаното ви изгледа интересно, ние ви препорачуваме да ја прочитате. Уживајте!
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
mama Mace
Активен член
Активен член
avatar

Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Кодот на Да Винчи   Чет Јан 20, 2011 12:32 pm

јас ја имам прочитано и доста интересна книга меѓутоа таа само потикнува на повеќе размислување и барање на споменатите факти и книги во неа од каде ги црпи информациите. сите негови досегашни книги ги имам прочитано и едноставно не можеш да ја оставиш книгата додека не ја прочиташ.
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Кодот на Да Винчи   Чет Јан 20, 2011 12:54 pm

Кодот на Да Винчи од Ден Браун можете да ја купите во книжарницата Три на 1 кат во ГТЦ по ценаод неверојатни 200 ден.
Ова на кратко како информација инаку неговите книги ми се многу интересни.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Кодот на Да Винчи   

Вратете се на почетокот Go down
 
Кодот на Да Винчи
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Култура и уметност :: Книжевност и литература-
Отиди до: