Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Facebook

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Facebook   Чет Јан 20, 2011 10:26 am

Facebook („Фејсбук“) е мрежно место за друштвено вмрежување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Facebook Inc. Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едно со други. Тие, исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. Името на мрежното место се однесува на документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.
Мрежата ја основал Марк Цукерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. Корисничките сметки на мрежното место, на почетокот биле ограничени само за студентите на Харвард, но набргу станало достапно и за студентите од другите универзитети од Бршленската Лига. Потоа, мрежата стана достапна и за средношколците, но и сите останати лица. Во септември 2006 година беше утврдено дека корисник на може да биде секој кој има повеќе од 13 години и има постоечка електоронска пошта.

Според comScore, Фејсбук е водечката општествено-мрежна страница заснована на единствените месечни посетители, со што го презеде водството на својот конкурент МајСпејс во април, 2008 година. ComScore соопштува дека Фејсбук привлекол 132,1 милион единствени посетители во јуни, 2008 година.
Извор

Дали вие поседувате Facebook,колку време поминувате на него? За какви цели го користите, и кое е вашето размислување кон Facebook?

Според мене искрено Facebook да знаеле луѓето паметно да го користат ќе беше прекрасно, но за жал во денешно време младината го користи и ги злоупотребува сликите од интернет, младите девојки (исклучоци) прават реклами самите на себе - со таков циклус моето мислење и не е баш добро.
Но доколку Facebook се користеше совистинските намери,тогаш тоа ќе беше одлично место за комуникација помеѓу пријателите со кои навистина комуницираш и во секојдневниот живот. А не ставиле 500 пријатели а 100 ги позаваат.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Facebook   Чет Јан 20, 2011 3:08 pm

Имам Facebook, ама малку време поминувам на него. Се уклучувам само за да видам дали има некои новости. Многу ретко се допишувам со некој од пријателите. Facebook не се користи за вистинската намена. Млади девојки (чест на исклучоци) објавуваат провокативни слики на своите профили и после тоа се бунат како некои машки им даваат непристојни понуди. Е па кој ги тера да објавуваат такви слики. Има и такви кои што имаат голем број на пријатели (околу 1000 и нешто), а ги имаат за да се направат важни. А сигурно контактираат со 100 и нешто од нив.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Facebook   Чет Јан 20, 2011 8:43 pm

Facebook нема да се изгаси на 15 март

Откако на интернет излегоа гласини дека друштвената мрежа Facebook можеби ќе се изгаси на 15 март бидејќи нејзиниот основач Mark Zuckerberg сака да се врати на стариот живот, директорот за комуникација на фирмата рекол дека сето ова е лага.
Larry Yu на прашањето од блогот Mashable дали ќе се прекине оваа мрежа написал : Одговорот е не, така да ве молам да ни помогнете да ја приведеме на крајот оваа глупост". Ако подобро размислите, јасно е дека приказната за гасење е неоснована. Зашто би се одлучил да изгаси компанија која пред само неколку дена се доби инфомација дека ќе добие нов капитал од 450 милиони долари од компанијата Goldman Sachs и 50 милиони од руската фирма Digital Sky Techologies? На кој би му паднало на памет да изгаси мрежа чија вредност достигна дури 50 милијарди долари ???
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Facebook   Today at 10:21 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Facebook
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: IT технологија-
Отиди до: