Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Нездрава исхрана

Go down 
3 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Нездрава исхрана Empty
ПишувањеПредмет: Нездрава исхрана   Нездрава исхрана EmptyВто Јан 11, 2011 8:10 pm

10 продукти за кои мислите дека се здрави, а не се


За да ја зголемите мускулната маса и да се ослободите од масните наслаги, 90% од Вашата исхрана треба да се состои од непреработени продукти. Тоа е сѐ што не се купува спакувано во кутија: месо, зеленчук, јајца, овошје итн. Ако јадете 6 здрави оброци на ден, тогаш во неделата можете да си дозволите 4 пати брза храна.
Доколку го практикувате ова, но не постигнувате резултати, проблемот е во тоа што не јадете здрава храна. Во прилог следува листа од 10 видови на храна за кои Вие мислите дека се здрави бидејќи се промовирани како такви, а всушност не се воопшто здрави.


Житарици – житариците се промовирани како здрави и хранливи и се препорачуваат за намалување на телесната тежина. Доколу го прочитате составот на житариците ќе забележите дека тие се богати со шеќер и сол и дека витамините и минералите кои тие ги содржат се добиени по хемиски пат.
Здрава алтернатива: за појадок - овес, млеко и банана; омлет со кромид и домати и слично.


Колачи од овес – овие колачи се направени од овес и мешани зрнести плодови кои се здрави за јадење. Меѓутоа, оние кои можат да се набават во продавниците се мешани со сирупи како на пр. сирупот од пченка, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Некои вакви колачи исто така содржат и чоколаден чипс кој ги прави исто толку “лоши” како и обичното чоколадо.
Здрава алтернатива: домашно подготвени овесни колачиња.


Овошни јогурти – кога на амбалажата ќе прочитате “без маснотии” не значи дека станува збор за здрава храна. Овие производи содржат шеќери, сирупи од пченка или вештачки засладувачи.
Здрава алтернатива: обичен јогурт со парчиња од свежо овошје.


Леб – лебот е достапен за сите и во исто време е вкусен, но не е толку здрав како што мислите. На одреден вид на леб ќе забележите да пишува дека е составен од цели пченични зрна. Ова не значи ништо посебно. И црниот леб исто така содржи сирупи од пченка и вештачки (заситени) масти, па со негово прекумерно конзумирање може навистина да се здебелите.
Здрава алтернатива: намалете ја количината на леб во исхраната.


Сендвичи – многу често на некои сендвичи ќе забележите “фитнес” или пак “со ниска масленост”. Ова не значи ништо бидејќи сендвичот содржи салата богата со шеќери, малку зеленчук и протеини и многу бел леб.
Здрава алтернатива: подгответе си сендвичи дома.


Пакуван овошен сок – дури и 100% овошните сокови имаат шеќер како додаток, особено фруктоза. Вишокот на фруктоза предизвикува дебелеење, лош холестерол, лоша контрола врз апетитот и сл.
Здрава алтернатива: пијте домашно подготвени сокови или јадете свежо овошје.


Спортски пијалоци – спортските пијалоци најчесто се промовираат како замена за електролити, јаглехидрати и сл. Меѓутоа вистината е дека се работи всушност за зашеќерена вода.
Здрава алтернатива: пијте вода за време на вежбањето, протеини и јагле-хидрати после вежбањето.


Салати од ресторани за брза храна – станува збор за салата богата со шеќери, пржени лепчиња од рафинирано бело брашно или бели тестенини. Понекогаш, подобро е дури да нарачате двоен чизбургер отколку пилешка салата.
Здрава алтернатива: сами подгответе си свежа салата.


Замрзнати оброци. Нема ништо лошо во замрзнатиот зеленчук или овошје. Но, на замрзнатите оброци често може да се забележи “со ниска масленост” или “здрава храна”. Вистината е дека станува збор за преработена храна, богата со шеќери и натриум. Ве советуваме да избегнувате замрзната храна.
Здрава алтернатива: гответе ги своите оброци за тековнот ден, навечер или наутро.


Диетални газирани пијалоци – диеталната сода содржи вештачки засладувачи како што на пример е контроверзниот аспартман (метил хемиско соединение добиено од природни амино киселини). Проверете колку се здрави овие вештачки засладувачи и одлучете сами дали ќе ризикувате.
Здрава алтернатива: вода, вода со исцеден лимон, зелен чај.


Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Sara
Активен член
Активен член
Sara


Број на мислења : 192
Female Возраст : 42

Нездрава исхрана Empty
ПишувањеПредмет: Re: Нездрава исхрана   Нездрава исхрана EmptyВто Јан 18, 2011 4:08 pm



Веќе некое време го гледам линков се мота по профили на ФБ и искрено сега најдов време да го зирнам што е, како и да е запрепастувачки е, ако можете видете го, јас сеуште сум во шок без коментар
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Нездрава исхрана Empty
ПишувањеПредмет: Re: Нездрава исхрана   Нездрава исхрана EmptyВто Јан 18, 2011 4:34 pm

јас би сакала да напишам нешто за житарките. јас ги користам во исхраната како во мојата така и кај моето дете. меѓутоа кога ги купувам внимавам дали од нив е изваден ркулецот, бидејќи тој е тој кој е хранлив и ги купувам необработени. е сега малку повеќе време ми е потребно за да ги спремам, значи мора прво да ги поварам малку па потоа да ги додавам во јадење. инаку Б витаминот што го содржат видно ја подобруваат крвната слика посебно кога се во комбинација со зеленчук. ние јадеме овес, рж, јачмен, пченица, овес и понекогаш ленено семе. кај мене има и многу пријатно дејство на цревата. ги јадеме со јогурт или пак во храна ги ставам.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Нездрава исхрана Empty
ПишувањеПредмет: Re: Нездрава исхрана   Нездрава исхрана Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Нездрава исхрана
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Исхрана за време на бременост

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Храна-
Отиди до: