Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Прополис

Go down 
3 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Прополис Empty
ПишувањеПредмет: Прополис   Прополис EmptyЧет Јан 20, 2011 3:41 pm

Ако за време на ведар летен ден се открие пчелина кошница, може да се види темнозелена смолеста материја со која се залепени платно-покривачите на горните греди на саќните рамки. Тоа е пчелниот лепак-прополис.

Инаку зборот прополис доаѓа од грчките зборови про, што значи пред и полис, што значи град. Тој назив доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости.


Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора.



Состав на прополисот и негова примена


Почнувајќи од Аристотел, истражувачите на животот на пчелините семејства во тек на многу столетија ги занимавало прашањето од што пчелите го изработуваат прополисот. Одамна се мислело дека пчелите го собираат прополисот од пупките на врбите, тополите, брезите, смреките, елите, боровите, дивиот костен итн. Американскиот научник Микола Г. Хајдак тврдел дека пчелите го собираат прополисот од пупките на разните билки и дека ја искористуваат и смолата на четинарите. За да го соберат овој градежно-ремонтен материјал пчелите летаат од 10 до 16 часови. Долетувајќи со овој терет во кошницата, собирачките на прополис го предаваат своето бреме на другите пчели, а тие (собирачките) одново се враќаат во работа на собирање на пчелиниот лепак. Во секое пчелино семејство само е непознат бројот на пчелите кои се зафатени со собирањето на пчелиниот лепак. Се разликува лажен прополис, т.е. оној кој пчелите го донесуваат, и вистинскиот кој пчелите го излачуваат секогаш кога јадат поленов прав. Тенката мембрана на поленовите зрнца содржи извесна количина на смоласта материја-балзам издвоена од поленовите зрнца во процесот на варење на храната (него пчелите го исфрлаат).

Според податоците на низа автори, прополисот просечно содржи 55% смола и балзам, до 30% восок, околу 10% ароматично етерично масло и 5% поленов прав, т.е. содржи комплекс од различни драгоцени материи. Во кошницата восокот и смолата се соединуваат по пат на ситнење во устите на пчелите и на тој начин се добива прополис.




Прополисот може да се применува:
При лечење на рани, при што манифестира добри терапевтски дејства.
Како средство за отстранување на набиени места на кожата (жуљеви).
Во народната медицина се претпоставува дека има противтуберкулозни својства.
Прополисовата маст во комбинација со вазелин, сончогледова маст и буникова маст успешно се применува при лечење на животни заболени од некробиоза (изумирање на клетките). Прополисовата маст спаѓа во слаби надразнувачи и допринесува за создавање на нормална исхрана.
Етеричното масло на прополисот (0,25% раствор) предизвикува потполна анестезија во тек на 12,5 минути.
Прополисот има својства против чешање на кожата.
Прополисот дава терапевтски резултати при кожни болести како што се псоријаза и радиодерматит (кај лекарите-радиолози).
Добри резултати се добиваат при примена на висококвалитетен прополис во вид на инхалација кај заболувања на горните дишни патишта и белите дробови - хронична кивавица, воспаление на душникот, бронхитис, неспецифични пневмонии, бронхијални астми.
Прополисот има извесно забавувачко дејство на развојот на цревната кока и други микроби, но не делува на стафилокока.
Во концентрација 1:10 прополисот го задржувал 'ртењето на канабисот.
Маст од прополис нанесена на кожа кај болни пред озрачување во најголем број на случаеви го спречува појавувањето на специфични реакции на покожицата.
Кај парадентоза и кариес добар ефект дава примената на прополисот во вид на испирање.
Прополисот се применува при хронични гнојни воспалувања на увото.
При рани кои тешко зараснуваат.
При опаѓање на косата.

Прополисот е алерген кај многу луѓе.

Прополис е мешавина од смоли, балзам и етерични масла, кои пчелата ги собира од цветовите и им додава течност од своите жлезди. Пчелите го употребуваат прополисот за затварање на пукнатините во својата кошница и како средство за дезинфекција, како градежен материјал и како средство за изолацијач со прополисот се спречува трулење на кошницата, влез на влага и непожелни гости.

Прополисот делува антимикробно, антивирусно и против воспалително и има својство на локален анестетик. Најповеќе се употребува во алкохолни раствори и креми.

Прополисот има многу благотворни дејства:
• спречува развој на бактерии
• го забрзува заздравувањето на раните
• делува како природен антибиотик против бактерии, разни вируси и одредени видови на габички
• помага кај ревматските болести
• го јакне имунолошкиот систем
• делува како антиоксиданс
• помага при лечење на слабокрвност, болести на дишните патишта, кај запаленија на десни и усната шуплина, кај забоболка и херпеси
• помага при запаленија на слузницата на желудникот и запаленија на дебелото црево
• помага при инфекција со бактеријата Heliobacter pylori

Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Прополис Empty
ПишувањеПредмет: Re: Прополис   Прополис EmptyЧет Јан 20, 2011 3:53 pm

јас го користам за моето болно грло и доста помага. исто така го користам и за непцата ако ми се воспалени ,а може и мед да си ставам ако во моментот немам прополис.
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија


Број на мислења : 70
Female

Прополис Empty
ПишувањеПредмет: Re: Прополис   Прополис EmptyСаб Јан 22, 2011 10:58 pm

Најмногу го користам кога сум болна, за да ми се зајакне имунитетот, кога грлото ми е воспалено и многу болно, кога имам месечен циклус и имам многу силни болки во јајниците (ми помага многу)...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Прополис Empty
ПишувањеПредмет: Re: Прополис   Прополис Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Прополис
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на возрасните-
Отиди до: