Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Пушачи

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Пушачи   Нед Јан 16, 2011 7:56 pm


Пушењето го оштетува човечкото тело само неколку минути по

конзумирањето на цигарата, тврдат амерички научници.
Неодамна објавено истражување покажува дека пушачите навистина треба да почнат да размислуваат да се откажат од оваа лоша навика. Всушност, истражувањето покажало дека хемикалијата која предизвикува рак, прави штета многу брзо по конзумирањето на цигарата.
Веќе долго е познато дека пушењето предизвикува болест на срцето,рак,болести на белите дробови. Со новото истражување е докажано дека штета во човечкиот организам настанува само неколку минути откако ќе се испуши цигарата. Во истражувањето учествувале 12 волонтери кај кои се пратело нивото на полициклични ароматчни јаглероводороди, по пушењето на цигарата.
Истражувањето покажало дека се потребни 15 до 30 минути за хемикалијата да почне да влијае на телото и да ја уништува ДНК.
Научниците истакнале дека истражувањето треба да биде предупредување за сите пушачи, но и за оние кои би можеле да станат.
"Сите знаат дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, но ова истражување покажува дека тој процес не почнува за 30 години туку за само 30 минути" вели Martin Dockrell, директор на истражувачкиот центар Ash.
Dockrell додава дека никогаш не е доцна да престанете да пушите, но што побрзо тоа подобро.

Извор

Дали сте пушачи, и ако сте дали сте свесни колку пушењето ви пречи, дали можеби тоа го приметувате на себе? Превземате или мерки за да се откажете од пушењето?

Лично јас не сум пушач, секогаш сум велела подобро чоколадо да си купам милка секој ден него ли на цигари да ги трошам.Неможе нешто што е грдо, да ми биде задоволство.Едноставно сум пресреќна што ни јас ни дечко ми не сме пушачи.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
BetiBup
Модератор
Модератор


Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Пушачи   Нед Јан 16, 2011 9:35 pm

Јас првата цигара ја имам запалено во 5то одд од радозналост, активно почнав од 7-8 осмо со кафе и од 1ва средно активно почнав да пушам се до мои 18 години. После тоа престанав со пушењето, има голем ефект - подобро се чуствувам, поготово наутро кога станувам од спиење. Не се здебелив многу зашто возев точак по цели денови и се шетав постојано. Лесно ги откажав без никаков проблем. Ми кажа докторот ако не престанам ке завршам на друго место - тогаш од нив завршив на инфективна. Едвај дојдов при себе. Од тогаш па навака цигара немам запалено, но некогаш имам желба да запалам кога ќе видам како некој со сласт пуши. Но сепак не се одлучувам повторно да запалам.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Пушачи   Нед Јан 16, 2011 11:54 pm

Јас не сум пушач. Против цигарите сум. А и многу ми пречи чадот од цигарите.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Пушачи   Чет Јан 20, 2011 6:00 pm

Една цигара доволна за срцев удар
Повеќето луѓе мислат дека една цигара неможе

да им наштети, но се лажат. Дури и една испушена цигара може да биде доволна да блокира артерија и да предизвика срцев удар, тврди амерички хирург Regina Benjamin.
Димот од цигарите нанесува штета во многу краток период, ширејки илјадници хемикалии до повеќето органи.
Една цигара може да предизвика срцев удар бидејќи составот на димот директно влегува во крвотокот и го менува неговиот хемиски состав, така да крвта станува леплива, што придонесува до формирање на грутки кои можат да ја запушат главната артерија.
Ова исто така доведува до трајно оштетување на крвните садови, што ги прави потесни. Никој не размислува околу тоа колку малку е потребно за артериите потполно да се блокираат. Пушењето има и други штетни ефекти на целиот организам. На дијабетичарите им се отежнува конролирањето на шеќерот во крвта, а жените ги спречува да затруднат. Трудниците кои пушат цигари им се заканува опасност за загува на детето или прерано породување.
Позитивна и сигурна работа е тоа што луѓето што ќе престанат да пушат дефинитвно ќе бидат поздрави. Оставете ги цигарите, никогаш не е касно, но секогаш се исплатува.
Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Воскресија
Модератор
Модератор


Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Пушачи   Саб Јан 22, 2011 11:00 pm

Најголем поборник против пушењето, од секоја гледна точка.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Пушачи   Today at 7:28 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Пушачи
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на возрасните-
Отиди до: