Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Нов Хороскоп - Змијоносец !!!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 

Дали сте подготвени за промена на хороскопските знаци?
1. Да
0%
 0% [ 0 ]
2. Не
100%
 100% [ 4 ]
Општо гласови : 4
 

АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Нов Хороскоп - Змијоносец !!!   Нед Јан 16, 2011 4:51 pm



Се појави нов хороскопски знак?!

Новиот, тринаесетти знак е сместен помеѓу Шкорпија и Стрелец. Ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември вие сте Змијоносец.

Ако секој ден фрлате поглед на хороскопот во списанијата, сега би требало да проверите дали ја читате рубриката која ви одговара. Се појави уште еден хороскопски знак, "Змијоносец", кој припаѓа на личностите кои се родене помеѓу 29 ноември и 17 декември.


Астрономот Парлк Канкл, вели дека според нова констелација на планетите и промена на Земјината положба, дошло до измена во системот на хороскопските знаци, пренесува "Хафингтон Пост".

Наводно датумите на кој припаѓаат одредени знаци се погрешни, бидејќи планетите и созвездијата од времето на зачетокот на астрологијата, значајно се промениле. Со обзир на тоа дека поделбата на 12 хороскопски знаци датира уште пред три илјади години, Канкл вели дека е потребно тие промени да се земат во обзир и во системот да се вметне и 13-ти знак, Змијоносец (лат. Ophiuchus), и тоа помеѓу Шкорпија и Стрелец.

Датумите на веќе постоечките хороскопски знаци се поместени, па така има место и за 13тиот по ред хороскопски знак. Ова најмногу ги збуни астрологичарите затоа што нема д аможат да се служат веќе со постоечките алгоритми, а и следењето на знаковите ќе се одвива многу потешко.

Змијоносец,(лат.Ophiuchus) е знак, кој ги опфаќа оние кои се родени од 29 ноември до 17 декември, а карактеристики на овој знак се, искреноста, изразена сексуална привлечност, променливи и љубоморни.


Со воведувањето на овој знак се поместуваат сите останати, па затоа може да се случи од сега па натаму да го имате променето знакот како резузлтат на промените меѓу Земјата и Сонцето.


Бидејќи воведувањето на уште еден знак го пореметува целиот систем, повторно проверете што сте во хороскоп:

Јарец: 20 Јануари - 16 Февруари
Водолија: 16 Февруари - 11 Март
Риба: 11 Март - 18 Април
Овен: 18 Април - 13 Мај
Бик: 13 Мај - 21 Јуни
Близнаци: 21 Јуни - 20 Јули
Рак: 20 Јули - 10 Август
Лав: 10 Август - 16 Септември
Девица: 16 Септември - 30 Октомври
Вага: 30 Октомври - 23 Ноември
Шкорпија: 23 Ноември - 29 Ноември
Змијоносец: 29 Ноември - 17 Декември
Стрелец: 17 Декември - 20 Јануари

Извор 1
Извор 2
Извор 3

Кои се вашите мислења и коментари?

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Нов Хороскоп - Змијоносец !!!   Пон Јан 17, 2011 1:58 pm

Сега по ова гледање испаѓа дека сум СТРЕЛЕЦ, сметам дека сите луѓе што се родиле пред 15.01.2011. - од кога е објавен овиот хороскопски знак, треба да си се сметаат за знакот што биле претходно.Бидејќи ако хороскопот се менува по многу години заради положбата на на земјата и сонцето - тогаш неможе некој што има 60години сега да менува хороскопски знак. Мене ми е ова се малце неразбирливо, ама сепак јас ќе продолжам да си се сметам за ЈАРЕЦ- а си ги имам тие особимини.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Новиот хороскопски знак и криза на идентитетот   Чет Јан 20, 2011 3:14 am

Теоријата за потребата за воведување на уште еден хороскопски знак, предизвика различни реакции, се од "баш ми е гајле" од страна на оние кои не го читаат хороскопот ни за забава, потоа "што се нема да измислат" од оние кои поради забава ја читаат "прогнозата" за некој ден, па се до коментари од типот на "човече, па цел живот сум..., како сега да бидам... кога ги имам сите особини на..." и "ти ќе ми кажеш" од страна на верните читатели на рубриката Хороскоп, во дневните новини и списанија.
Идентитетот е драгоцен, па ако некој го тестира нашето убедување, тоа делува застрашувачки и предизвикува потреба на некој начин да се одбраниме, па дури и кога се работи за хороскопот. На веста за "поместување" на сите хороскопски знаци, поради воведување на новиот, Змијоносец, некои само одмавнаа со раката, но има и такви кои почнаа да се сомневаат во нивните навики, карактеристики, па дури и во врската со својот партнер. Некои пак, доживеаа "конечно" и сфатиле зошто хороскопот никогаш во животот им нема нешто погодено - зашто цел век читале за "погрешен" знак.

Сепак, иако има некоја логика во теоријата за неопходност на уште еден знак, има и онакви кои со аргументи ја одбиваат таа теза. Еве што велат застапниците на "конзервативниот" пристап и застапницвите на 12 хороскопски знаци.

Астролозите не потсетуваат дека приказната за Змијоносецот, односно воведувањето на новиот хороскопски знак, веќе со векови одвреме навреме знае да ги "потресе", а оние кои веруваат во хороскопот и сериозно се заплашуваат, но не постои причина за загриженост.

Експертите за оваа тема велат дека ова "поместување" на знаците не се однесува на западната астролошка традиција.

"Астрологијата која се проучува на Западот се потпира на тропски зодијак, а тој подразбира фиксен систем, кој никогаш не се менува", рече за BBC Расел Грант, познат британски астролог.

Тропскиот зодијак е врз основа на положбата на Земјата во своето кружење околу Сонцето, а знаците се одредуваат во однос на пролетната рамноденица. Тропскиот зодијак е поврзан со годишните времиња, така што почетно време е пролетта и почетен знак е Овенот.

Источњаците, ведската астрологија, од друга страна, пак, користи зодијак кој е променлив и на кој влијае Земјината ротација. Но, за тоа нека се грижат тие од Исток.

Сепак, иако изгледа дека нема причина за загриженост, едноставно е неверојатно како само веста за промена на системот на кој сме навикнати, може да предизвика таква паника на Facebook и преку ноќ дас е основаат групи, од типот на "Не сакам да го променам хороскопскиот знак" или "Вратете ни го хороскопот", a Twitter да биде преплавен со пораки на оваа тема.

Но, ако подобро размислите, единствени кои би имале сериозна причина за загриженост ако се промени системот на хороскопски знаци, се оние кои го имаат истетовирано својот "стар" знак, зар не?




извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
tanja.v
Нов член
Нов член


Број на мислења : 148
Female Возраст : 37
Место : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Нов Хороскоп - Змијоносец !!!   Чет Јан 20, 2011 2:40 pm

haha spored noviot horoskop nikoj ne sme toa sto sme bile мисли
zatoa jas ke si ostanam kako i do sega ,da ne slucajno im tekne da izvadat uste nekoj znak posto sega 13 da ne bidat paksuzni
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Нов Хороскоп - Змијоносец !!!   Чет Јан 20, 2011 2:43 pm

Разликата е наназад два хороскопски значи од Шкорпија по овој сум Девица.
Ако читам хороскот тогаш ќе треба да читам за Шкорпија,Девица и Близнаци како подзнак.Јас ги имам баш карактеристиките на Шкорпија па засега само тој ќе го читам.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Нов Хороскоп - Змијоносец !!!   Чет Јан 20, 2011 6:26 pm

Со овој хороскоп излегува дека сум близнаци.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Нов Хороскоп - Змијоносец !!!   

Вратете се на почетокот Go down
 
Нов Хороскоп - Змијоносец !!!
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Други науки-
Отиди до: