Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Тајните за успешен и среќен брак

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Тајните за успешен и среќен брак   Сре Јан 12, 2011 2:17 am

Со помош на многу парови и секс терапевти, научниците дојдоа до 7 тајни на успешниот брак:

1. Комуникација
Иако звучи мошне едноставно, недостатокот на комуникацијата или некавалитетната комуникација се јавува како чест проблем. Слушањето, разбирањето и емпатија исто така се дел од комуникацијата.

2. Упорност
Многу е полесно нештата да ги оставите како што се, отколку да се потрудите да ги решите проблемите меѓу вас. Може некогаш личи дека не постои логично решение, но ако не пробате, нема ни да знаете дали можете да ги смените работите на подобро. На врската треба доста да се работи, треба да учиме на своите, но и на туѓите грешки. Заедничкото учење ја зацврстува врската.

3. Решавање на проблемите
Кога нешто не е како што треба, лесно е да се скарате, да викате и да не слушате што патрнерот има да каже или да предложи. Начинот на кој се решаваат проблемите се учи со текот на времето. Дајте си време добро да размислите, да разговарате со партнерот и да го сослушате. Прифатете ги своите грешки и извинете се.

4. Одржувајте ги страстите
Најголемата разлика помеѓу новиот партнер и оној со кој сте биле со години заедно, е недостатокот на страсти. Но нема причина да биде тоа така. Како што рековме, на врската треба да се работи, но и на одржувањето на страстите исто така. Експериментирајте, одвојте време еден за друг и најважно од се – разговарајте за тоа.

5. Сопствен живот
Кога ќе ја најдете сродната душа, лесно се забораваат сопствените потреби. Во тој контекст, мислиме на активностите кои вас ве опуштаат и ве прават среќни: дружење со пријателите, планинарење и сл. Не го заборавајте животот кој сте го имале пред да влезете во брачните води, не мора се да правите заедно.


6. Почитување
Често знаеме да се постави кон партнерот онака како што не се поставуваме со никоја друга блиска личност во нашиот живот. Најголемата причина за ова е тоа што со никој друг не сме толку блиски и не ги познаваме толку добро, како нашиот брачен партнер.

Но замислете како би било, кога некој ваш близок ќе види како вие разговарате и се однесувате со партнерот. Тоа би било навистина непријатно за сите, па затоа внимавајте и контролирајте се кога сте во друштво. Третирајте го партнерот исто како што би сакале и тој да ве третира вас. Сите ние сакаме почит која ја заслужуваме.

7. Забава
Може да излезете и да се забавувате со пријателите, но не мора да заборавите и на забавата со партнерот. Лесно се заборава забавата со некој кој го гледате секојдневно. Но треба и понатака да продолжите да правите се она што сте правеле и на почетокот на врската, така што новитетите никогаш да не престанат.
Забавувајте се заедно и квалитетно поминете го времето. Опуштајте се заеднички и правете работи кои вам ве прават најсреќни.
Извор

Ова се само неколку прости примери како до среќен и поуспешен брак?Каков е вашиот однос со брачниот другар, и колку внимание и време му посветувате на него покрај другите обврски?И секако,со што сметате дека придонесувате за посреќен и поуспешен брак, или пак како се трудите тој да биде се подобар?

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Воскресија
Модератор
Модератор


Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Тајните за успешен и среќен брак   Нед Јан 16, 2011 4:25 pm

За успешен брак се потребни многу работи. Пред се и најповеќе тука е љубовта. Доколку има љубов во бракот се надминуваат сите препреки кои ги носи самиот живот. Со неа ќе се помине се и ќе се стекне се.
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Тајните за успешен и среќен брак   Пет Јан 21, 2011 4:44 pm

незнам што се треба за успешен и среќен брак веројатно на 50 години од брак би требало да знам па ќе ви пишам пак. ама за да почне, она потребен и доволен услов, е секако љубовта, искреноста, почитта, толеранцијата и уште еден куп големи и мали нешта:)
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Тајните за успешен и среќен брак   Today at 7:27 am

Вратете се на почетокот Go down
 
Тајните за успешен и среќен брак
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Семејството и бракот :: Брак-
Отиди до: