јас одев на јога скоро 2 години пред да останам бремена. и поубаво нешто, од спорт, не сум практикувала. после јога со еден збор бев освежена, воопшто не чувствував никаков замор. сите мислат дека со јога не се постигнува убаво тело, а се во голема грешка. учителот што ни беше првиот час ни објасни дека е многу побитно мускулите кои се наоѓаат на стомакот и грбот да бидат зацврснати за да можат да ја носат тие тежината на телото, а не целиот товар да паѓа на кичмата, половината. во групата бевме од сите видови дебели, слаби, од 20 докај 60 годинки имаше една жена која веќе со години ја практикува јогата. и најмногу одат за регулирање на притисокот, за вежбање на стомачните мускули како и за вежбање на мускулите кои подоцна попуштаат и се создаваат услови за подмочнување. часот ни беше 60 минути од кои само последните 15 минути беа медитација останатото време вежбање. јас еве веќе подолго време сакам пак да почнам ама се нешто друго ми испаѓа.