Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Фитнес

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Фитнес   Вто Јан 11, 2011 9:18 pm

Дали некој од вас посетува фитнес, колку пати неделно оди, и колку сте задоволни од фитнесот?

____________________________________________________________________________________
Еве всушност колку е фитнесот важен елемент на психофизичкото здравје

Кога станува збор за фитнес не може, а да не се опфатат поимите здравје и велнес, бидејќи тие се тесно поврзани.

На што помислувате кога ќе го слушнете поимот здравје? Каква слика создавате во својата глава кога некој ќе Ви рече дека е здрав? Сигурно веќе знаете дека за да се спречи појавата на срцеви заболувања треба да консумирате храна која е помалку масна или за да ја намалите можноста од појава на рак треба да не пушите цигари, но и да практикувате превентивни лекарски прегледи.

Но, сепак ова не е целосната слика на физичкото здравје. И други компоненти се исто така важни меѓу кои се:

Социјалното здравје кое претставува способност за интеракција со луѓето и околината при што меѓучовечките односи ќе бидат извршени со едно пријатно чувство.

Менталното здравје е способност човекот да учи и да се издигнува интелектуално.

Емоционалното здравје е способност за контрола на емоциите и можност за нивно соодветно изразување.

Духовното здравје претставува верување во некоја унифицирана сила, која е различна од човек до човек.

Значи кога е здравјето во прашање, не треба само да се грижите за своето тело, туку и да бидете заинтересирани и за социјалната интеракција, интелектуалната димензија, чувствата и духот. Од досега напишаното произлегува дека здравјето претставува збир на физичкиот, социјалниот, емоционалниот, менталниот и духовниот статус на човекот.

Сите овие компоненти на здравјето се присутни кај човекот во поголема или помала мера. Доколку овие компоненти се во рамнотежа, тогаш велиме дека човекот е во т.н. велнес состојба.

ЗОШТО ДА БИДЕТЕ ФИТ?
Да бидете “фит“ значи да ги поседувате сите погоре посочени аспекти односно компоненети на фитнесот. Но, не само физичките туку и социјалните, менталните, емоционалните, духовните итн.



Физички придобивки:
Ви овозможува да ги согорите мастите од телото, така што ќе изградите складна фигура и нема да бидете со прекумерна телесна маса.
Ви овозможува да ги тонирате мускулите на грбот и стомакот, со што го подобрувате држењето на телото.
Ги зајакнува коските.
Ги задржува зглобовите флексибилни со што Ви овозможува поефикасно движење.
Овозможува срцето и белите дробови да Ви работат поефикасно, така што нема да се чувстувате заморени толку брзо.
Ви овозможува да ги спречите болестите на срцето, крвниот притисок, шеќер во крвта, рак, болки во грбот итн.


Ментални придобивки:
Вежбањето делува стимулативно и пријатно.
Дава елан.
Ослободува од тензијата и стресот, кои можат да предизвикаат висок крвен притисок и болести на срцето. Соодветната физичка активност Ви овозможува да се ослободите од стресот во напорните денови.
Ослободува од агресија. Чувството на лутина можете да го изразите на топката или педалата на велосипедот наместо на човек.
Ви овозможува да заборавите на проблемите. Кога подоцна ќе помислите на нив нема да изгледаат толку лошо.
Ослободува од досадата и Ви овозможува предизвик.
Ви овозможува да спиете подобро и да се чувствувате поодморени.
Доколку изгледате и се чувствувате подобро, Вашата самодоверба расте.
Успехот во физичките активности е добар за Вашето самопочитување.


Социјални придобивки
Успехот во физичките активности е добар за Вашата самодоверба. Тоа значи дека ќе можете подобро да се справите со тешки луѓе и во тешки ситуации.
Практикувањето на физички активности е начин да запознаете луѓе и да стекнете добри пријателства.
Колективните физички активности ја подобруваат тимската работа и меѓусебната соработка. Овие квалитети ќе Ви помогнат и во Вашите секојдневни работни обврски.
Можете да одберете физичка активност која е соодветна на Вашата личност, а таа ќе Ве направи поисполнети. На пример, планинарењето е погодно доколку сакате да излезете во природа и да уживате во предизвикот.



Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Фитнес
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: