Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share
 

 Целулит

Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Целулит Empty
ПишувањеПредмет: Целулит   Целулит EmptyВто Јан 11, 2011 9:09 pm

ЦЕЛУЛИТОТ НЕКА СТАНЕ МИНАТО
Целулит – што, всушност, е тоа?
Целулитот е неуморен непријател со кој денес се сретнуваат и многу млади девојки, а за оние постарите и да не зборуваме. Сепак, тој успешно може да се лечи со доследна терапија и упорност.
Стручно кажано, целулитот е последица на претерано зголемување на волуменот на масните клетки, односно непотполно излачување на отровите кои се задржуваат во телото. Така се спречува нормален проток на крв и лимфа кои ги отстрануваат отпадните води од ткивото. Соодветната исхрана и правилна програма со физички активности се основни за намалување или целосно отстранување на целулитот.
Причини за појава на целулит
Оваа појава, која на кожата се манифестира како „кора од портокал„ е присутна дури кај 90% од жените. Од нив, дури 35% се витки жени. Поради влијанието на хормоните, стресот, неправилната исхрана и недоволната физичка активност, масното ткиво се собира и сочинува и до 25% од телесната тежина.
Причината за појава на целулит може да биде и во гените, но најголемата одговорност ја носи женскиот хормон „естроген„. Тој предизвикува собирање и задржување на вишокот маснотии кои можат да се јават од пубертетот до климактериумот.
Има уште една причина за појава на целулит, а тоа е – претесна облека, која ја спречува нормалната циркулација.
Каде се јавува најчесто и како да го препознаете?
Целулитот најмногу се јавува од внатрешната, горната и задната страна на колковите, но и на бутовите, колената, стомакот, надлактиците, како и на задникот.
Непогрешлив начин за да откриете дали имате целулит е благо да ја притиснете кожата на критичното место: бутови, колкови, стомак итн. Доколку таму кожата ви се набере како кора од портокал, значи дека го имате. Во други случаи, целулитот е видлив и без притисок.
Кожата зафатена со целулит на допир е рапава, тврда и со грутчиња, бидејќи сврзувачкото ткиво е ослабено и често недоволно развиено.
Домашни третмани
Најдобро е да изберете целосен третман кој ќе го детоксификува телото однатре и ќе дејствува на масните наслаги однадвор. Заради подобра циркулација и поефикасно дејство на препаратите против целулит, пред нивното нанесување, треба да се направи пилинг на телото. Третманите со минерална кал и алги не само што се ефикасни, туку се и здрави бидејќи ги снабдуваат клетките со минерали и витамини и на тој начин го забрзуваат природниот метаболизам и исфрлувањето на штетните состојки, вишокот на течности и маснотии. На крај, неопходен е антицелулитен крем.
Масажа
Добрата антицелулитна масажа ја ослободува течност заробена во ткивото. Се препорачуваат редовни серии од 15-тина масажи, 2 до 3 пати годишно. Секако, во комбинација со професионалната масажа, идеално е да користите и некој антицелулитен препарат, како и да го промените начинот на исхрана.

Извор

Имате ли вие проблем со целулитот и како се справувате со него?

__________________________________________________
Целулит C2G9p1
Целулит LЦелулит AЦелулит DЦелулит YЦелулит BlankЦелулит D
Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate

Број на мислења : 305
Female Возраст : 32
Место : Скопје

Целулит Empty
ПишувањеПредмет: Re: Целулит   Целулит EmptyСре Јан 12, 2011 5:23 am

Имам целулит на бутовите кој не е видлив, така што не ми претставува никаков проблем.

__________________________________________________
Целулит As1cF2c-M240010MDAwMTUwbHwwMDAzNDVsanxXaXRoIG15IGxvdmUgdG9nZXRoZXI
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Целулит Empty
ПишувањеПредмет: Re: Целулит   Целулит EmptyЧет Јан 20, 2011 5:56 pm

Стресот поттикнува на целулит
Омразениот целулит е проблем со кој се борат



поголемиот дел на жени во светот. Физичките активности, здравата прехрана, доволно вежбање, креми, како и масажи се чини дека не делува. Како е можно целулитот и понатаму да е тврдокорен, а се да работите по советите?

Целулитот е честа тема на бројните истражувања а спрема најновите спознанија се чини дека за создавање на целулитот влијаат и психичките фактори, како што се стресот и емоциналните проблеми.

Личноста што е изложена на стрес, огранизмот брзо и губи витамини и минерали, поради што не само што доаѓа до развој на целулитот туку и до промена во активностите на имонолошкиот состав. Доаѓа до пореметување на метаболизмот, а резултат на тоа е собирање на вишок килограми.

Можеби вашата борба против целулитот би била поуспешна кога би биле во состојба повеќе да се опуштите. Стручњаците советуваат на помалку нервирање (што лесно звучи во теорија), совладување на техниките на опуштање како и здрав начин на живот.
Извор

__________________________________________________
Целулит C2G9p1
Целулит LЦелулит AЦелулит DЦелулит YЦелулит BlankЦелулит D
Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце

Број на мислења : 415
Female Возраст : 38
Место : Скопје

Целулит Empty
ПишувањеПредмет: Re: Целулит   Целулит EmptyЧет Фед 10, 2011 3:56 pm

Се селиме на новиот форум :welcome:
http://www.zenskitajni.com/

__________________________________________________
Целулит An1cHhS0g410010Nzc3MjRsfDI1NjQzOTFsYXx6YWxqdWJlbmkgdm8gYnJhaw
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Целулит Empty
ПишувањеПредмет: Re: Целулит   Целулит Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Целулит
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Мода и убавина :: Лице и тело-
Отиди до: