Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Чоколадо

Go down 
5 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Чоколадо   Чоколадо EmptyВто Јан 11, 2011 8:51 pm

Најнеодоливото нешто во животот, слатка и мала страс-а тоа е чоколадото.
Чоколадо Cokolado

7 Митови и факти за чоколадата
Многу често кога сакате да си каснете нешто чоколадно или можеби колаче, ве гризе совеста, нели? Ова искушение има своја цена. Нели чоколадото е лошо по здравјето, полно со кофеини и заситени масти? За среќа – не е секогаш така-најновите истражувања покажаа дека чоколадата сепак може да биде дел од нашата здрава исхрана.
Овде ќе објасниме некои од најпознатите митови за оваа Св.Валентинска (или каква и да е друга) закана.

Мит: Чоколадата содржи многу кофеин.
Факт: Иако чоколадата ви дава енергија, во неа всушност нема висок % на кофеин. Всушност, 50 гр.чоколада или 250 мл чоколадно млеко содржат 6 мг кофеин, а тоа е иесто колку и 1 филџан кафе без кофеин („нормално“ кафе, во 1 филџан, содржи 65-135 мг кофеин).

Мит: Чоколадата е преполна со заситени масти и лошо влијае на холестерoлот.
Факт: Стеаричната киселина (ѕtearic acid), главната состојка во млечна чоколада е единствена. Истражувањата покажаа дека млечната чоколада не го покачува холестеролот повеќе од други продукти со заситени масти. Всушност, ако јадете 50 гр.чоколада наместо интегрален десерт од житарки, позитивно ќе влијаете на „добриот“ холестерол (HDL).

Мит: Чоколадата нема хранлива вредност.
Факт: Чоколадата е добар извор на магнезиум, бакар, железо и цинк. Содржи полифенол (антиоксиданс што го има и во чајот и црното вино) кој нискоризично влијае на евентулани срцеви болести. Обична чоколада има исто толку антиоксиданси како и 150мл црно вино.

Според заедничките истражувања на Бостонскиот Универзитет Tufts и Универзитетот L’Aquila од Италија, дневен оброк од темна чоколада, содржи многу повеќе антиоксиданси од млечната и помага за снижување на крвниот притисок и ја подобрува отпорноста на инсулинот.

Мит: Чоколадата предизвикува кариес.
Факт: Сами по себе, слатките не предизвикуваат кариес. Кариесот се формира кога бактериите во устата го метаболизираат шеќерот од храната (бонбони, газирани сокови, леб, ориз, тестенини), кој создава киселина. Потоа таа киселина предизвикува кариес.

Но, калциумот и фосфатите што ги има во млечната чоколада може да ја заштитат забната глеѓ. Всушност, природно настанатата маснотија значи дека чоколдата ја чисти устата побрзо отколку други слатки, намалкувајќи го времето на останување на шеќерот врз забите.

Редовната употреба на флуор како и редовна хигиена на забите ги отстрануваат јаглехидратните остатоци.

Мит: Чоколадата предизвикува главоболка.
Факт: Истражувачите од Универзитетот во Питсбург докажале дека нема директна врска меѓу консумирањето чоколада и главоболката. Се мислело дека хроничната главоболка може да биде предизвикана од амините во храната (хистамин и бета-фенилетиламин), а кои ги има во кедар сирењето, кикирики, чоколада и алкохол, но со оваа студија чоколадата е отфрлена како можен причинител на главоболка.

Мит: Чоколадата предизвикува акни.
Факт: Независно што велат вашите родители, студиите од изминатите 20 години ја елиминираа чоколадата како можен причинител на акни. Многу дерматолози веруваат дека диетите играат значајна улога во настанувањето на акните. Сега се верува дека акните настануваат со комбинација на високо ниво на бактерии и масло на кожата.

Мит: Чоколадата дебелее.
Факт: Просечно парче чоколада содржи 220 калории, а тоа е навистина малку за да предизвика дебелеење.

Лошата репутација на чоколадата полека се менува –најновите истражувања покажаа дека чоколадата може да биде дел од здравата исхрана, се разбира ако умерено се консумира, како што впрочем важи и за се друго. Ако јадете умерено и тоа претежно темна чоколада, нема зошто да ве гризе совести постојано да гледате на вагата.

Извор


Што ќе кажете вие за чоколадото? Јас просто неможам да му одолеам, едноставно го обожавам. Дорина ледена, со рум, со капучино, Милка со лешници,Европа со бадеми и лешници,Најлепше жеље со бисквити,Галеб.....
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 43
Место : Скопје

Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чоколадо   Чоколадо EmptyВто Јан 11, 2011 9:12 pm

Мит: Чоколадата дебелее.
Факт: Просечно парче чоколада содржи 220 калории, а тоа е навистина малку за да предизвика дебелеење.

Ова малку ме буни.Невикам дека само од благо се дебелее,но сепак.
Според табела за калории во 100гр.Млечна чоколада има 526калории. незнам

Како и да е чоколадото е најслатко нешто.И немжам без него макар и 1 ред во денот.
Милка со мелени лешници,Дорина јогурт со брусница,Европа со лешници...........толку можам во моментов да се сетам
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate


Број на мислења : 305
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чоколадо   Чоколадо EmptyВто Јан 18, 2011 4:53 pm

Обожавам да јадам чоколадо. Најомилено чоколадо ми е Милка.
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чоколадо   Чоколадо EmptyЧет Јан 20, 2011 6:48 pm

Десетгодишно истражување спроведено на 1.216 постари жени покажува дека честата конзумација на чоколадо го намалува ризикот за заболување на срцето. Австралиски научници од Sir Charles Gairden Hospital утврдиле дека жените кои јадат чоколадо најмалку еднаш месечно имаат просечно 35 % помал ризик за хоспитализација или смрт поради болест на срцето. Истражувачите напоменуваат дека за постигнување на овој позитивен ефект не е потребна голема количина на конзумација на чоколадо. Бројни претходни студии покажале дека чоколадото го намалува ризикот за срцеви заболувања.

Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чоколадо   Чоколадо EmptyПет Јан 28, 2011 6:21 pm

Вратете се на почетокот Go down
Mimi22
Најактивен член
Најактивен член
Mimi22


Број на мислења : 236
Female Возраст : 39
Место : скопје

Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чоколадо   Чоколадо EmptyПет Јан 28, 2011 6:41 pm

Ke ima mama mace ne se sekiraj nema da ne ostavat bez cokolado

Jas ne sum mnogu po cokoladoto ako vidam mn\oze kocka dve da kasnam obicno koga jade david ako mi tekne da lapnam mozam i bez cokolado ja sum poveke za socni slatki kremasti
a moj izbor na cokolado e dorina ledena i milka so karamela
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Чоколадо Empty
ПишувањеПредмет: Re: Чоколадо   Чоколадо Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Чоколадо
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Храна-
Отиди до: