Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 10 Најдобри храни за жената

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: 10 Најдобри храни за жената   Вто Јан 11, 2011 8:39 pm

10 Најдобри храни за жената

Се разбира дека сите ќе имаат корист од една ваква листа на здрава храна, нутриционистичките потреби зависат и се разликуваат пред се од возраста и полот. Жените имаат посебни потреби и повеќето од нив денес, во ова брзо време, се изложени на стрес повеќе од кога и да било до сега. За да може соодветно да се грижи за своето тело, жената треба да јаде соодветна храна и да внимава повеќе од кога и да било. За среќа нашите експерти направија листа од 10 видови на храна што се најважни за здравјето на жената.

10. Грав и проблемот е решен!
Ова звучи како некоја детска изрека, но гравот навистина е добар за срцето. Во гравот има многу хранливи состојки, нема маснотии и ефтин е. Во суштина половина шоља грав содржи повеќе од 5 грама хранливи материи, што претставува една четвртина од дневната потреба.

9.Кељот е главен!
Ако не сте знаеле, кељот всушност е член на фамилијата зелки. Тој е голем извор на фолати, исто така содржи во вода растворлив витамин Б, кој по природен пат го добивате преку конзулмирање на кељот. Центарот за контрола и превенција од болести и Асоцијацијата за храна и лекови, препорачуваат дека жената има потреба од 400 микрограми фолати секој ден. Недостатокот на фолати во текот на бременоста предизвикува невролошки оштетувања кај бебињата.

8.Значењето на Бета-каротинот
Бидејќи името потекнува од латинскиот збор за морков, бета-каротините се во суштина природни супстанции кои припаѓаат на на групата Каротени. Каротинската киселина бета –каротин,се наоѓа во сокот од портокал, тиквата, маслото од орев и во компирот. Се додека телото го претвора бета-каротинот во витамин А, оваа хранлива состојка помага во регенерирањето на кожата, а може дури и да го намли ризикот од рак на дојка.

7.А што ќе кажете за ленот!?
Семето од лен и лененото масло се извонреден извор на Омега 3 масните киселини, што помагаат во заштитата на срцето. Ова е особено важно да се запамти, се додека срцевото заболување останува основна причина за предвремената смрт кај жените. Ленот исто така содржи супстанции кои се нарекуваат лигнани кои се одличен извор на влакна. За да почнете со ленот во вашата исхрана, потребно е да го сомелете семето и да го додадете во чашата со вообичаените житарици во вашиот утрински оброк.

6.Снабдете се и со железо!
За да имате добро балансирана исхрана, задолжително е да го снабдите вашиот организам со железо. Наместо да земате железо само како додаток, жената треба да зема уште повеќе преку секојдневната исхраната. Железото што се зема преку храната полесно го апсорбира телото. Голем извор на железо се: посното црвено месо, темо живинско месо и леќата.

5.Соја!
Јадете многу хитоестроген кој се наоѓа во соиното зрно и може да му помогне на жената значително да го намали лошиот холестерол (LDL) а да го подигне добриот (HDL). Еден голем извор на соини протеини е “tofu” (соино брашно и млеко). Дури и ако не сте обожавател на “tofu”, постојат многу нови начини како да го вклучите и тоа во вашата исхрана. Можете да ставите малку “tofu” во тврда состојба, наместо сирење во вашата лазања.

4.Вода,Вода насекаде
Да се пие многу вода е подеднакво неопходно како за здравјето на жените така и за здравјето на мажите. Водата е една од најдобрите алатки во играта за слабеење, го намалува апетитот и му помага на телото да ги разработи складираните масти.

3.Моќта на брокулата!
Поранешниот Претседател на Америка Џорџ Халберт Валкер Буш одбивал да ги јаде овие мали зелени дрвца, но брокулата е неопходна за здравјето на жената. Брокулата е невиден извор на калциум а содржи и други важни хранливи супстанции како што се калиумот и витамин Б.

2.Калциум како креда!
Според препорачувањата за дневно внесување на калциум потребни се 800мг на ден, некои експерти препорачуваат дека повеќето жени треба да земаат двапати повеќе од ова. Внесувајте многу јогурт и други млечни производи што е најдобар начин за постарите жени да се заштитат од остеопороза.

1.Риба!
Нема ништо поубаво за една дама од прекрасна вечера од Лосос и тивка музика. Овој вид на риба е голем извор на Омега 3 масни киселини. Лососот е исто така богат со протеини и без холестерол и да не заборавиме да кажеме дека содржи и витамин Б, калциум, цинк, железо и магнезиум.

Извор


Дали вие како, девојка, мајка, жена, внимавате на овие детали?
Јас лично не, од проста причина што немам доволно ензими за зеленчеку, и од фактот што неможам да поднесам риба.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: 10 Најдобри храни за жената   Вто Јан 11, 2011 8:51 pm

За темава

Јас искрено во исхраната користам доста од горе наведените работи.
Брокула обавезно - правам супа со брокула за детево, и јас јадам со неа.
Риба- обавезно два пати неделно јадеме, но лососот ми е прескап и затоа си користиме Панга, супер вкус има.
Вода- до 2л дневно пиеме.
Во секое јадење ставам морковче, во салати поготово мешана или во зелка салата, сепак е многу здрав.
Сојата поретко ја комбинирам во некои јадења без моиве да приметат дека има соја инаку нема да ја јадат.
Користам маслиново масло и сончогледово.
Грав-ретко правам, но треба почесто да го имам на мени, сепак е многу здрав. Не за џабе на фудбалерите им практикуваат грав да јадат колку можат повеќе!
Млеко и млечни производи си кориситиме секојдневно.
Од месо користам само јунешко и говедско месо, мисиркино поретко, пилешко.
Купив ленено семе и планирам во некое јадење да го искористам, но за тоа ке видиме!

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
 
10 Најдобри храни за жената
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Храна-
Отиди до: