Микробиолошки испитувања може да се направат на Микробиологија во Државна болница,во приватни лабаратории.....
Микробиолошки испитувања
· Хламидија
· Уреоплазма, Микроплазма
· Брис од вагина
· Брис од цервикс
· Уринокултура
Овие се најчестите испитувања.
Пап-тест (10.01.2011)
Не на една, не на две, туку на секои четири години жените ќе може да направат по еден ПАП-тест што им го плаќа државата е најновиот договор на матичните гинеколози, Министерството за здравство и Фондот. Со ова гинеколозите добија право да ги враќаат сите пациентки што инсистираат ПАП-тест да прават почесто, во спротивно ќе им го наплатуваат приватно. Здруженијата на пациенти и стручњаците категорично се против оваа одлука бидејќи, според светските стандарди, ова тестирање треба да се прави еднаш годишно.
За бесплатниот ПАП-тест, жените ќе плаќаат и партиципација од 60 денари. Уште еден бесплатен тест ќе може да направат само оние кај кои матичниот лекар ќе процени дека тоа е потребно од наодите при првиот преглед.
Интересно е и тоа што во препораките што ги има на наодот што пациентките го добиваат кога прават ПАП-тест има можност да се сугерираат дополнителни испитувања или, пак, контрола по четири до шест месеци. Никаде на овој наод не се препорачува следниот ПАП-тест да се направи по четири години. Стручњаците потенцираат дека со правење ПАП-тест еднаш на четири години нема да се постигне целата и да се спречи појава и ширење на рак на грлото на матката.
Извор