Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share
 

 Настинки

Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Настинки   Настинки EmptyВто Јан 11, 2011 8:31 pm

Како вие се справувате со настинките? Јас најчесто обавезно пиам FERVEX, Cafetin COLD, C vitamin, и природно цедена лимонада. Ако почнувам да добивам малаксаност на телото обавезно пиам и еден парацетамол.

Еве мала помош
Растечен и затнат нос? 6 начини за борба против настинката

Повторно растечен и затнат нос? Покрај ова и кивање, кашлање, треска, а ако ова не е доволно и болки и вртење на мускулите и коските! И доколку навистина немате среќа, ќе завршите во кревет со температура. Токму сега сред среќниот декември...

Не грижете се: следуваат 6 совети кои можат да ви помогнат.
1. Одморот е најважен за да постигнете успех, затоа дозволете си колку што е можно повеќе сон и добро спиење.

2. Пијте многу чај, природни сокови и најважно од сè многу вода, бидејќи течностите го олеснуваат излачувањето на секрети.

3. Секнете го носот и плакнете го неколку пати во денот со физиолошки раствор.

4. Може да ја намалите болката со деконгестивни капки или спреови за нос. Капките или спреовите го намалуваат создавањето на секрет, но долгорочно користење не е препорачано. Физиолошки раствор може да се користи подолго време.

5. Може да направите инхалација: ставете неколку капки на есенцијално масло (на пример еукалиптус или ментол) во топла вода.

6. Излезете надвор на свеж воздух! Облечете топла облека и направете прошетка. Движењето на чист воздух ги прочистува дишните патишта.
Кога сте беспомошни...
(прочитајте: кога е време да посетите доктор?)
кога треската трае повеќе од 10 дена,
ако имате висока температура подолго време,
ако крв или излачена материја има во секретот,
ако имате тешки проблеми со дишењето,
ако имате болки во ушите, грлото и/или вртоглавица.


Извор: Вива – магазин за здрав живот

__________________________________________________
Настинки C2G9p1
Настинки LНастинки AНастинки DНастинки YНастинки BlankНастинки D
Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup

Број на мислења : 471
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Re: Настинки   Настинки EmptyВто Јан 11, 2011 8:38 pm

Јас минатиот месец имав бронхит, безвезе ми беше цел месец. На почетокот пиев Фервекс, лимонади и цедени сокови но не ми помагааа.витамин Ц од 500мг. Првиот пат кога отидов на лекар ми препишаа Цитерал. Со нив пиев и сируп на природна база за искашлување, но не ми помогна многу - премногу кашлав. После една недела повторно бев и ми препиша Сумамед. Откако ги испив 5 дена дури после 5иот ден јас се опоравив.
Некогаш и здравата храна кога сме болни не ни помага!

__________________________________________________
Настинки ZrxTm12
Настинки 4l2Am12
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија

Број на мислења : 70
Female

Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Re: Настинки   Настинки EmptyНед Јан 16, 2011 6:44 pm

Пред одреден период и јас пиев Фервекс, Парацетамол, понекогаш Вибрамицин... Но сега започнав нов режим. Пред еден месец ме фати грип и на овој начин си се излекув без никакви таблети.
Во текот на денот по 3 пати јадев мед по една лажица која ја растворав во една чаша топла вода. Исто пред секој оброк на една лажичка шеќер ставав по 15 капки прополис и го голтав. Прополисот многу ми помогна за грлото, бидејќи многу ме болеше и бидејќи беше многу јак (воопшто нерастворен) почна пополека да ми попушта и носот. Покрај ова пиев по 2 таблети витамин Ц (наеднаш, 2 пати дневно) и јадев лук. Лукот го чистев и како што е целото парче го пресекував на половина и го пиев пред јадење. На тој начин воопшто не мирисав на лук, а тој фактички ми беше природен антибиотик. Покрај сите овие работи пиев и чај. Со овој режим оздравев за 4 денови и не ме болеше многу грлото како вообичаено што ме боли и не можам да дишам, не кренав температура, не повраќав...
Мало појаснување: Лукот е природен антибиотик. Кога сте болни потребно е внесување на многу витамини, прекумерното внесување на витамин Ц не е воопшто проблем, бидејќи се исфрла преку урината и затоа многу лекари го препорачуваат без проблем да се пие и во поголеми количини. Медот и прополисот се најубавите и сеуште недокажани намирници во исхраната на човекот кои најмногу влијаат на подигнувањето на имунолошкиот систем на човекот. Додека чајот (колку што се може да биде потпол) придонесува до чистење на грлото од бактериите и така ги уништува ги симнува во цревата и ги исфрла надвор.
Ова го применив на себе и затоа од срце ви го препорачувам.
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
Chocolate

Број на мислења : 305
Female Возраст : 32
Место : Скопје

Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Re: Настинки   Настинки EmptyПон Јан 17, 2011 12:01 am

За настинка пијам Парацетамол и лимонада.

__________________________________________________
Настинки As1cF2c-M240010MDAwMTUwbHwwMDAzNDVsanxXaXRoIG15IGxvdmUgdG9nZXRoZXI
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace

Број на мислења : 187

Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Re: Настинки   Настинки EmptyПон Јан 17, 2011 12:29 pm

ај еве пак ќе си пишам бидејќи од синоќа ми го снема постот. и јас како Воскресија на сите што можат да конзумираат лук, кромид и праз во жива форма би им препорачала да не пијат хемикалии испробано на мм. јас имам прблеми со лук, кромид и праз во жива форма па затоа си јадам цитрони, мед, сок од протокал, киви и многу витамин Ц по 2грама дневно. си се прскам со прополис навечер и наутро директно во грло. топли напитоци не сакам па затоа едно време користев сладолед во зима што помага бидејчи устата е поладна од надовор и бактериите и вирусите бегаат.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup

Број на мислења : 471
Female Возраст : 36
Место : Скопје

Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Re: Настинки   Настинки EmptyВто Фед 08, 2011 11:09 am

Јас сум од вчера болна, имам константна температура од 37.6 до 38. Ми дадоа Цефалексин да пијам два пати по две таблетки вкупно 1000мг на секои 12 часа. Лижам дражеи за грлото, среќа што немам крајници, но иако ги немам целото грло ме боли многу, едвај голтам и ми е жар црвено. Пијам Фервекс, витамин ц од 1000мг, цеден сок од портокал, од лимон воопшто неможам да го поднесам.
Ќе пробам после лукче да каснам, имам прополис капки и тие ке ги пробам, па ке видме како ке ми биде. Се надевам дека оваа температура ке се намали. :(

__________________________________________________
Настинки ZrxTm12
Настинки 4l2Am12
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Настинки Empty
ПишувањеПредмет: Re: Настинки   Настинки Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Настинки
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Здравје :: Здравјето на возрасните-
Отиди до: