Љубовта на прв поглед се случува во пет проценти од врските и истражувањата покажуваат дека тоа е повеќе последица на пустите надежи отколку на друго било што.
Жените кои веднаш се заљубуваат исто така брзо и се одљубуваат. Мажите кои се заљубуваат на прв поглед остануваат подолго заљубени. Зашто? Затоа што мажите се заљубуваат во нејзиниот изглед.
Бидејќи физичките карактеристики не се менуваат брзо, тој е задоволен некое време. Жените пак, се заљубуваат во своето мислење за мажот, до кое е невозможно да се дојде за пет минути.
Кога жената ќе открие дека тој не е толку паметен, шармантен, забавен... како што изгледа, чувствата прилично брзо испаруваат.
Љубовта на прв поглед може да се случи затоа што сте спремни за тоа (моментот е погоден) или затоа што сте запознале некој кој на прв поглед ги има најважните особини на вашиот список на желби.
Некои стручњаци велат дека нашата потсвест едноставно бира личности кои нас не потсеќаат на некој кој многу сме го сакале (на бившиот партнер или дури и на родителите). Во тој случај се јавува чувство на препознавање затоа што мирисот или чекорот одговараат на некој кој веќе го знаеме или сакаме.
Нашиот мозок многу вешто ги препознава елементите како што е обликот на лицето или нескротливиот мирис. Кога ќе ги примети веднаш почнува да ги обработува податоците и тука се јавува биолошкиот одговор во телото. Отчукувањата на срцето стануваат се побрзи, крвта побрзо струи и се чувствувате како да сте испиле шест чаши шампањ.
Во исто време, мозокот ослободува допамин и серотин, кој нас не прави посреќни и почувствителни.
Грозно, не?
Замислете да сте ја запознале вистинската личност, а всушност сте паднале на татините јагодични коски, или на мајчината боја на гласот.
Понатаму, ако чекате да ве "удри гром", премногу гледате телевизија и отфрлете го тој лигав љубовен роман! Кога и ќе ја запознаете "онаа права личност" веројатно немате ни да бидете свесни во тој момент. Но, ќе ви биде прилично јасно по неколку месеци.
Тоа не значи дека не треба да се препуштите на страстите, но немојте да го исклучите мозокот. Не е битно колку вас некој снажно ве привлекува - ако таа личност вас не ве цени, заборавете ја веднаш!
Бидете разумни и на првите неколку состаноци барајте некој знак на предупредување. Сите сме весели оптимисти кои сакаат да мислат дека ја нашле вистинската љубов.
Извор