Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Топка за вежбање

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Топка за вежбање   Вто Јан 11, 2011 6:30 pm

Топка за вежбање – за цврсто тело и терапија
Зошто Ви се потребни силни мускули тело ?
Горниот дел од телото го сочинуваат стомачните мускули, мускулите во делот на половината и бубрезите, колковите и грбот. Тие помагаат да се стабилизира грбот кога се движите – како при спортска активност така и при секојдневните ( домашни ) активности. Ако имате проблеми со грбот тогаш постои голема веројатност дека ќе чувствувате непријатна болка при секое движење.
Најчеста причина за тоа се:

• прекумерна тежина
• преслаби и неразвиени мускули во горниот дел од телото
Што тврдат истражувањата
Моќни сме толку колку што е моќен нашиот наслаб “член“. Истражувањата покажуваат дека слабите мускули во горниот дел од телото ги зголемуваат проблемите во долниот дел од грбот. “Околу 85 % од луѓето барем еднаш во својот живот почувствувале ( парализирачка ) болка во долниот дел на грбот “, - вели Др. Владимир Борисов.
Топка за вежбање– „чудотворна “ топка
Некои ја нарекуваат и топка за рамнотежа. Вежбањето на таква топка е еден од подобрите начини како да се зацврстат мускулите на горниот дел од телото. Поради својата нестабилна природа претставува голем предизвик за стабилноста на телото. Топката е во синхронизирано движење со мускулите и токму затоа е потребно одржување на телото во стабилна и рамнотежна состојба.
Дигање на телото (“ стомачни “) на топка
Топката е добар полигон за изведување на класични вежби и го зацврстува целиот горен дел на телото:

• подигнување на телото (попознато како “стомачни“ – претставува додатен предизвик за нашите мускули)

• склекови

• подигнување на телото со заднинските мускули ( “грбни“ )
Вежби за истегнување на топка
Топката можеме да ја употребиме по секоја вежба или по долготрајно седење бидејќи е одлична за вежби за истегнување. За Вас имеме 2 предлога:
Растегнување на грбот
1. Цел: го растегнуваме грбот, стомакот, вратот и градите

2. Начин на вежбање: легнуваме со грбот на топката. Нозете ни се свиткани во колената и со стапалата кои малку се раширени се потпираме на подот.

Рацете ги истегнуваме во ширина на рамењата над главата. Повеќепати длабоко вдишуваме и издишуваме и во таа положба остануваме од 15 до 20 секунди.
Странично истегнување
1. Цел: го растегнуваме грбот, рамената, вратот и колковите.

2. Начин на вежбање: со левиот колк легнуваме на топката. Левата нога ни е свиткана, а десната истегната и со неа се потпираме на подот ( тоа ни е стоечката нога ). Рацете ги истегнуваме над главата – на левата страна сме насочени кон подот.

Положбата ја задржуваме 15 секунди при што длабоко и опуштено дишеме. Потоа легнуваме и на другиот колк и вежбата ја повторуваме.

Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Топка за вежбање
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: