Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Правилно дишење

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Правилно дишење   Вто Јан 11, 2011 6:19 pm

Движењето и дишењето нека станат едно !
Во последно време луѓето се повеќе се свесни за важноста на правилното дишење и за тоа дека треба да се контролира и искористи.
Затоа е добро при вежбањето на фитнес справи да му посветите внимание на дишењето.
При вежбање на тренажери внимавајте:
1. Кога кревате, влечете или притискате тежина или кога употребувате сила, тогаш морате да издишете, кога се враќате во почетната положба вдишете. Со други зборови: пред дигањето вдишете и во последната третина издишете.

2. Секогаш мирно дишете и држете рамномерен ритам.

3. Длабочината на дишењето треба да е сразмерна со напорот, бидејќи лесно може да се појави вртоглавица.

4. Ритамот на дишење прилагодете го на ритамот на вежбање. Кога ќе го достигнете тоа, тоа ќе биде еден од важните знаци дека вежбате правилно и лесно.
Повеќе кислород – поголемо топење на маснотиите при аеробни вежби
На мускулите им е потребен кислород за нивна работа и кога вежбањето е аеробно, важно е телото да е снабдено со кислород. Обрнете поголемо внимание на дишењето и при вежбите за слабеење бидејќи на телото му е потребно огромно количество кислород за да ја претвори маста во корисна енергија.
При аеробно вежбање внимавајте:
Пробајте да дишете:
1. мирно и рамномерно,
2. со длабоки вдишувања и издишувања,
3. при тоа издишувањето да биде подолго од вдишувањето.


Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Правилно дишење
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: