Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Сексуален фитнес

Go down 
3 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Сексуален фитнес Empty
ПишувањеПредмет: Сексуален фитнес   Сексуален фитнес EmptyВто Јан 11, 2011 6:16 pm

Овозможете си малку сексуален фитнес



Разбудете го тигарот во себе и скокнете меѓу чаршафите!
ОВОЗМОЖЕТЕ СИ МАЛКУ СЕКСУАЛЕН ФИТНЕС
Ако вашите најсвежи години веќе поминале и хормони не се исти како порано, тоа не значи дека сексуалното уживање е нешто од минатото. Доколку чувствувате дека не сте повеќе див тигар во сексот, тогаш е време за сексуален фитнес.

Здравје + кондиција = добар секс

Ние најчесто го запоставуваме фактот дека здравиот сексуален живот зависи од здравствената состојба, и тоа најмногу од здравото срце и ниското ниво на холестерол во крвта. Здраво срце овозможува добра циркулација на крвта што е клучен предуслов за квалитетен сексуален однос!

Проверка: Дали сте знаеле дека артериосклерозата е еден од главните фактори кои треба да се обвинат за појавата на сексуална дисфункција?

Може да го зајакнете и подобрите вашиот кардиоваскуларен систем со аеробни вежби, бидејќи тие заштитуваат од стеснување и блокирање на артериите и ја забрзуваат циркулацијата.

Секс и фитнес... мажи

Истражувањата за физичката и сексуалната активност направени на мажи од средна возраст, покажаа дека оние мажи кои вежбале во текот на целиот живот многу подобро ја задржуваат нивната кондиција во сексуална смисла, за разлика од оние кои не биле активни.
Но, исто така неактивните мажи кои почнале да вежбаат станале сексуално многу поактивни по 9 месеци редовно вежбање, нивните проблеми со ерекцијата се многу поретки, а доживеале и оргазам во многу поголем процент.

Секс и фитнес... жени

Редовните тренинзи кај жените во менопауза ги намалуваат срцевите удари и наглите промени на расположението. Редовните вежби исто така го балансираат нивото на естроген, што помага во смирување и спречување на други негативни последици карактеристични за периодот на менопауза, а исто така кои се поврзани со сексуалноста.

Тестостерон: господар на сексот

Дали сте знаеле дека тестостеронот е одговорен за сексуалната желба и кај мажите и кај жените? Кога нивото на тестостеронот е ниско, сексуалната желба е исто така ниска. Вежби во комбинација со балансирана исхрана овозможуваат природно обновување на тестостеронот и помагаат телото да ја надомести загубата.

Стресот ја намалува сексуалната желба

Доколку имате редовни вежби, ќе ви биде многу полесно да се справите со стресот што ја намалува сексуалната желба. Стресот ја намалува желбата и потребата за секс и ја зголемува можноста за појава на разни заболувања. Редовните и средно - интензивни вежби го ослободуваат телото од стрес и напнатост, а го јакнат имунолошкиот систем.

Пуштете се во акција за подобар секс

Пред да започнете со секоја вежба, ние ви препорачуваме да се консултирате со вашиот доктор, кој може да ви даде најдобар совет за тоа кои вежби се најсоодветни за Вас, во согласност со здравствената состојба.

Аеробик вежби – за луѓе во добра форма

Доколку сте во добра физичка форма, ние ви препорачуваме да правите аеробни (кардиоваскуларни) вежби од 20 до 40 минути три до четири пати во неделата. Одлични активности се пешачење, трчање, пливање и возење велосипед.

Ако не сте во форма…

Доколку не практикувате редовно вежбање, тоа може да го правите во текот на дневните задачи и активности: качување по скали, активности во градината, работи во домаќинството... сето ова е добра рекреација.

Истегнување за поеластични мускули и разни сексуални позиции

Може да практикувате истегнување за време на сексуалната фитнес програма. Важно е да се истегнете по завршување на секоја вежба додека вашите мускули се сеуште загреани. Вашиот партнер треба исто така да практикува истегнување. Кажете му/ú колку е ова важно. Доколку заедно се истегнувате по сексот, ќе добиете многу поквалитетно заеднички поминато време и многу поинтимна врска.

2 едноставни вежби за истегнување кои може да ги правите заедно со вашиот партнер
Седнете на подот свртени еден кон друг притоа допирајќи се со стапалата. Истегнете се кон напред и дофатете ги дланките на вашиот партнер. Полека вратете се назад, а вашиот партнер нека се придвижи нанапред. Останете 15-30 секунди во оваа позиција и потоа повторете ја истата. Направете кратка пауза и повторете. Не правете некои нагли и згрчени движења, бидете смирени и опуштени.
Застанете свртени со партнерот еден кон друг со раздалеченост од околу еден метар. Нежно држете се за дланките. Полека потклекнете сè додека вашите стапала не дојдат под агол од 90°. Останете во ваква положба околу 30 секунди и постепено подигнете се нагоре. Повторете ја вежбата три пати, пробајте да го издржите клекнувањето до 60 секунди.
Уживајте во вежбањето и бидете во одлична сексуална кондиција!



Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 43
Место : Скопје

Сексуален фитнес Empty
ПишувањеПредмет: Re: Сексуален фитнес   Сексуален фитнес EmptyВто Јан 11, 2011 6:27 pm

Многу добра тема.
Советите се одлични.
Ќе видам нешто барем од ова да примениме.
Фала ти LadyD буб
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
BetiBup


Број на мислења : 471
Female Возраст : 41
Место : Скопје

Сексуален фитнес Empty
ПишувањеПредмет: Re: Сексуален фитнес   Сексуален фитнес EmptyВто Јан 11, 2011 6:44 pm

LadyD за темата имаш Сексуален фитнес 718432 , супер примери но поучни!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Сексуален фитнес Empty
ПишувањеПредмет: Re: Сексуален фитнес   Сексуален фитнес Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Сексуален фитнес
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Фитнес
» Сексуален однос во бременоста

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: