Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Како до убави и цврсти нозе?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Како до убави и цврсти нозе?   Вто Јан 11, 2011 3:32 pm

Сон на секоја девојка убави,долки стегнати и витки нозе...



Чекорете самоуверено со секси нозе
Секси нозе се посебна привилегија за оние кои ги имаат. извор се на посакувања, завидувања, па дури и на моќ и самоувереност. До убаво обликувани нозе може да се дојде со редовни вежби, кои не се комплицирани и траат само неколку минути на ден.
На нозете им е потребна нега
Помислете само калкава тежина носат Вашите нозе и колку километри поминуваат дневно. Помислите исто и колку трпат Вашите нозе поради посакуваната убавината или работата.
Што им штети на нозете?
Стремењето кон естетските идеали е често потреба и нешто што се очекува на работното место, но вртоглаво високи пoтпетици им штетат како на мускулите така и скелетот на целотот тело.

Долготрајно седење, на пример на работното место може да предизвика болки во грбот, а нозете може да ги чувствувате отечени и тешки.
Што им е потребно на нозете?
Против чувство на тешки нозе:
мачкајте ги со гел што разладува и содржи екстратки од див костен.
овозможете им одмор, така што почесто лежејки ќе ги дигнете нозете во повисока положба
доколку е потребно подолго време да стоите, наизменично менувајте ги нозете, така што прво ќе се потпирате на едната па на другата нога.
со правилно вежбање мускулите се зајакнуваат, а телото добива повеќе кислород
дури и кратка и малку напорна вежба може постепено да придонесе за убави нозе
Што е со стереотипите?
Постојат две стереотипни мислења кои се делумно и точни:

1. Убави нозе се подарок од природата на ретки среќници

2. За убави нозе е потребна долготрајна вежба, часови и часови што трае напорно вежбање.
Научните истражувања тврдат: до секси нозе се стигнува многу полесно отколку што мислите
1. Не се потребни долготрајни и напорни вежби и голем број на повторувања наеднаш
2. Не е потребно да вежбате секој ден
3. Препорачуваат барем еден или два дена одмор по секое вежбање
4. Доволно е серија од повеќе кратки вежби како и одлучност и упорност за да ја постигнете целта
Летни терени и летни скокови
Користете ги летните денови и вежбајте, се разбира доколку имате можност - боси на трева и на песок. За помек и помалку стабилен терен е потребна поголема координација на движењето. Движењето исто така е корисно и за зглобовите.
Важно: Секој опишан скок го повторувате 10 до 20 пати.
Одмарате 1 минута и потоа серијата скокови ја повторувате еднаш или два пати.
Потскокнување од една на друга нога

• Со рацете на половина го кревате стапалото во висина на коленото
• Малку ја свиткувате ногата на која стоите и потурнувате колку е можно подалеку во страна
• Ногата на која претходно стоевте сега е свиткана



Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
 
Како до убави и цврсти нозе?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Спорт и Фитнес-
Отиди до: