Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Бакшиш

Go down 
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 31
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Бакшиш   Пон Јан 10, 2011 8:34 pm

Дали им оставате бакшиш на келнерите за нивната услуга и колку најчесто им оставате?

Јас не оставам бакшиш, затоа што најчесто не носам вишок пари во мене. Оние денови кога сум имала вишок пари во мене не сум им оставила бакшиш на келнерите, затоа што не го заслужиле тоа. Во последно време налетувам на неуслужливи келнери. Ако не ги бива за таа работа, нека не ја работат. Понекогаш дечко ми остава бакшиш, ама само на келнерки. Јас го зафркавам и му велам - изгледа оваа ти се свиѓа. хаха

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 77
Female

ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   Пон Јан 10, 2011 10:19 pm

Ние најчесто оставаме нешто ситно, 50ден освен ако не се некои неуслужливи иако ретко се погодуваат такви
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 38
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   Пон Јан 10, 2011 11:20 pm

Зависи од услужливоста на персоналот
Кога сме на кафе 20-30 денари,ако е поголем цехот докај 100денари.
Ако се неуслужливи,културни или не тресат пепелник ( пред законот од 1 Јануари 2010) ништо не оставав.Бидејќи мм плаќа вика не биди таква,ама како може некои да се такви.
Љубезно поздравувам и порачувам барам затоа коректен однос.
Chocolate повеќе има женски персонал во кафичите,а машки повеќе по рестораните затоа ќе остават мажите бакшиш,бирај локации каде има машки персонал па остави ти или убеди го партнерот да остави бакшиш

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   Пон Јан 10, 2011 11:46 pm

Кога и да одиме со дечко ми, он плаќа и секогаш остава бакшиш. Едно време почнав да се шалам дека бакшижот зависи од тоа колку е добра келнерката laugh шала на страна секогаш остава до кај 50 денари, понекогаш и 100.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   Вто Јан 11, 2011 12:01 am

Оставаме бакшиш зависно од услугата и квалитетот на на тоа што сме го порачале. Зборам еве за месо, ако донеле нешто навистина вкусно, за брзо време и било се во ред обавезно оставаме бакшиш. За кафе или нешто ситно не оставаме, зборам за поголема сума, како и сите некогаш и немаат да ти вратат па ги оставаш тие ситни пари на келнерите.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
tanja
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 63
Female Возраст : 34

ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   Вто Јан 11, 2011 12:08 am

Зависи од комплетната услуга, а критериумите ни се доста високи, па ретко кога оставеме бакшиш налутен
Во кафичи ретко одиме, па затоа не можам многу да коментирам. Ама па затоа сме чести посетители на ресторани и ако се случи да нешто не ми се свиѓа во услугата, па повеќе нема ни да влезам таму, а не па да оставам бакшиш. Ако е се во ред, тогаш оставаме, а за тоа колку, па што знам зависи од сумата.
Малку офф топик, ама да објаснам зошто така размислувам. Летово, седиме со друштво на вечера и јас стандардно си порачувам за пиење кисела вода, ми ја носи келнерот и јас најкултурно го замолив да ми донесе и цевче, што да правам така сум си навикната. Леле луѓе кога се налути и се што донесе на масата беше со лутење и фрлање. Скакав да го кажам на газдта ама мм не ми дозволи. Па на таков ни во лудило не би му оставила бакшиш. не Има и друго слични такви ситуации, ми се има случено и да ми ја зграшат нарачката и тоа неколку пати. Што да правам, изгледа немам среќа со келнерите.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 31
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   Вто Јан 11, 2011 12:51 am

tanja напиша:
Летово, седиме со друштво на вечера и јас стандардно си порачувам за пиење кисела вода, ми ја носи келнерот и јас најкултурно го замолив да ми донесе и цевче, што да правам така сум си навикната. Леле луѓе кога се налути и се што донесе на масата беше со лутење и фрлање. Скакав да го кажам на газдта ама мм не ми дозволи.

Твојата случка ме потсети на неколку мои случки. Летово со дечко ми бевме во една кафе-пицерија, да јадеме пица. Седнавме и келнерката ни вели - повелете. Дечко ми и го побара менито. Само што почнавме да го разгледуваме менито, ете ти ја келнерката. Ни вели - одлучивте? Па како сака таа да и кажам што ќе нарачам кога не сум го ни прочитала менито?! Се изнервирав, ама успеав да ја сокријам нервозата.

Кога бевме со дечко ми во кафе-слаткарницата Египет (во ГТЦ), освен колачите му рековме на келнерот да ни донесе по една чаша вода и пепељара (дечко ми е пушач). Келнерот ни ги донесе колачите, ама ги заборави водите и пепељарата. Ние не му рековме ништо. Чекавме да му текне. Не му текна и си останавме без вода и без пепељара.

И на такви треба да им се остава бакшиш?

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Бакшиш   

Вратете се на почетокот Go down
 
Бакшиш
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Бла бла... :: Бла бла...-
Отиди до: