Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Досадни комшии

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Досадни комшии   Пон Јан 10, 2011 8:27 pm

Дали имате проблеми со вашите комшии? Доколку имате, како успевате да ги решите?

Јас имам проблем со комшиите што живеат над мене. Кога гледаат ТВ, телевизирот им е пуштен многу гласно, па тоа што го гледаат они се слуша во мојата соба. Нивната кујна е над мојата соба. Кога ги истресуваат крпите полни со трошки, ги тресат врз мојата тераса и јас секој ден наоѓам трошки на терасата. И не само трошки. Наоѓам и нивни влакна и пикавци од цигари. Многу се нервирам.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член


Број на мислења : 22
Female Возраст : 26

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Пон Јан 10, 2011 8:55 pm

Па што знам, можеш учтиво да ги замолиш да тресат на друго место каде и вашиот стан, и нивниот имате прозорец, па да не влегува кај вас ништо...
Јас сум во куќа, немам таков проблем, но имам друг... До мене има зграда, таму ако има еден нормален јас глава сечам. Кога и да се прави зимница, нивниот излез на чад нема завршеток нагоре, туку има свиок накај нашиот двор... Тоа ми е помалку смешно, бидејќи се им се погодува кога прават зимница да има ветер, па накај нив да оди сиот чад... Ама ако, они го ставаат за инат. Ние немаме ништо ним им направено нити спречкано, но ете, завидлив свет што се не прави. Па кога донесоа нови контејнери, ги извлечкаа сите пред нивните влезови, како демек ние и другите околу нив да не фрламе во тие контејнери, а пред влезот им труе, смрди на ѓубре! хихи Селска работа!
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Пон Јан 10, 2011 11:32 pm

Сегде има секакви комшии има и од полоши и полоши комшии ,така да нигде нема мир од такви.Без разлика дали е стан или куќа.
Ние живееме во зграда и исто како Chocolate.
Тој под нас кога гледа тв тонот е многу јак,искрено се работи за 87годишен човек, па ако гледаме ист канал си го штедиме телевизорот и звучниците хухуху
Тие над нас тресат чаршафи и кај нас и кај двата други стана.
Спроти нас како да има детска градинка хухуху
Ама еве 30 години некако се живее
Се од ова им е кажано но нема некои посебни реакции,а и рака на срце ништо од ова не е страшно.
Ова е мое мислење
Chocolate секогаш кога ќе ги видиш кажувај им,ајде трошки но пикавци
The-J-Girl уште подобро за вас што си ги зеле контејнерите
Побарајте некој совет може можеме да помогнеме

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Пон Јан 10, 2011 11:55 pm

Сонце напиша:
Chocolate секогаш кога ќе ги видиш кажувај им,ајде трошки но пикавци

Проблемот е што ние не разговараме со нив. Всушност, со нив не разговара никој од мојот влез.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Вто Јан 11, 2011 12:06 am

Chocolate тоа што никој не зборува со нивкажува само по себе дека си имаат проблем.
Иако не разговарате кога ќе ги сретнеш застани ги и кажи им во што е работата секако со убаво ,знаеш ве молам,бидете внимателни,ако сакате.Ако тоа не помогне тогаш со повикот тон.
Известувај не како ќе се одвива тоа

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Вто Јан 11, 2011 12:20 am

Освен проблемот ос трошките, има и друг проблем. Жената постојано дежура на прозор и гледа кој влегува во влезот, а кој излегува. Кога некој ќе влезе или ќе излезе, таа одма излегува на тераса. За сите од влезот знае по нешто. Се прашувам дали таа има попаметна работа од шпионирањето? Во мојот влез живее скоро 7 години. Првата година кога се досели, беше прав крлеж. Кога и да видеше некои од комшиите да се враќаат од некаде со полни кеси, ги прашуваше - што купувавте? Или ако начекаше некои од комшиите да одат некаде, ги прашуваше - каде ќе одите? Таа живее со маж и, синот и ќерката. Ќерка и се вери во септември, па го прибра и вереникот. А синот се заканува дека ќе тепа.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Вто Јан 11, 2011 12:32 am

Кого дека ќе тепа,вас или воопшто комшии?
А за тоа дека излегува на терсас верувај со кого и да разговарам секаде има таква особа.јас ги викам набљудуваци или обсе хухуху
Тоа е тоа радозналост,си немаат своја работа па ги интересира се друго а не си гледаат што имаат по дома
собира алишта

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Вто Јан 11, 2011 12:37 am

Колку само се изнервирав летово за трошките. Имав пружено алишта на тераса. Излегувам на тераса да видам дали алиштата се исушени и што да видам? Врз алиштата трошки. Ги истресов алиштата и ги собрав. Среќа што беа исушени. Вриев од нервоза. Сакав да и се качам, ама се воздржав. А син и се заканува дека сите комшии ќе ги тепа.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Вто Јан 11, 2011 1:00 am

Да не грешам но може тој има некој психолошки проблем.Јасно ми е дека со такви човек да си нема работа.Сега претењето ако е изразено и кон другите комшии,а имало и агресија можете да пријавите во полиција,како совет на станари.За да се знае што и како се случува,во случај недајбоже да се случи нешто по сериозно.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
tanja.v
Нов член
Нов член


Број на мислења : 148
Female Возраст : 37
Место : Skopje

ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   Пон Јан 17, 2011 1:42 am

aaaaa na temava mozam da pisuvam so denovi
i nie si imame po nekoja baba niz nase malo sto mora se da znae.
kaj mene imam edna do mene druga pred mene i ako ednata propusti nevidela nesto drugata ke i prenese.da imate prilika da gi vidite po cel den se so nosot zalepeni na prozor,znaat bukvalno i sto si kupil i kolku si potrosil.eden den si trgnav vo prodavnica a nadvor toplo puka a komsikava glavata ja upletkala vo zavesa i gleda ja ni dve ni tri i vikam ke odam vo prodavnica toaletna da kupam i zenava se pikna vnatre ,koga se vrakam taa pred vrata me cekala da se vratam da vidi od koja toaletna kupuvam dali od mekata poskapata ili od eftinata не
a koga se mazela zolvami ,koga dosle svatovite da ja zimaat mm ja fatil kako stoi pod prozor i slusa i normalno drugiot den site komsii znaele sto se pravelo muabet
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Досадни комшии   

Вратете се на почетокот Go down
 
Досадни комшии
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Мојот Дом-
Отиди до: