Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Дали вашиот партнер е џентлмен?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 30
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Дали вашиот партнер е џентлмен?   Пон Јан 10, 2011 6:05 pm

Кога влегувате во некој кафич/ресторан, дали вашиот партнер ви дава предност прва да влезете? Дали кога нарачувате нешто ви дава предност прва да нарачате? Кои други џентлменски карактеристики ги поседува вашиот партнер?

Дечко ми морам да го пофалам дека е вистински џентлмен. Кога одиме во кафич ми дава предност јас да влезам прва. Ме остава јас прва да нарачам. Ми ја придржува јакната за да ја облечам. Ми годи ваквото негово однесување спрема мене.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 77
Female

ПишувањеПредмет: Re: Дали вашиот партнер е џентлмен?   Пон Јан 10, 2011 6:24 pm

За мојот не би рекла дека е вистински џентламен а и мене воопшто не ми пречи тоа.Ретко се случуваат такви гестови и ми годат не велам не, но доволно ми е што понекогаш знае да ми отвори врата, да ме пушти прва и сл, повеќе од ова мислам и дека ми би пречело.
А кога гледам други дечки какви гестови им прават на девојките е тогаш сакам и си велам леле блазе нив.А кога ќе дојде ред на мене,многу работи ми идат непотребни
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 22
Female Возраст : 27

ПишувањеПредмет: Re: Дали вашиот партнер е џентлмен?   Пон Јан 10, 2011 6:30 pm

И мојот морам да го пофалам од таа страна, секогаш ми дава предност во кафичи при влегување, ми отвара врата на такси, допушта прва да нарачам,па ми става од мојот нарачан пијалок во чаша (бидејки јас обично сум по соковите), ја плаќа сметката итн итн... Срцка е! И нормално и јас му возвракам џентлвумански слатко
Вратете се на почетокот Go down
girl1985
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 30
Female

ПишувањеПредмет: Re: Дали вашиот партнер е џентлмен?   Пон Јан 10, 2011 7:39 pm

Искрено... мојот не е баш џентлмен... Ама како да се помирив со тоа. Нема обичај да ме пушта прва на врата, да ме остави јас прва да нарачам, да ми мести стол или капут. Знам некогаш да му замерам, и тогаш знае да постапи за некои работи како џентлмен. Ама воглавно не е... Што да се прави, тоа е... Го сакам ваков каков што е, премногу сме блиски како другари сме после толку години врска, и воопшто не ми смета сега. Каков е таков е, мој си е. Бакнеж
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Дали вашиот партнер е џентлмен?   Вто Јан 11, 2011 12:27 pm

Да, вистински џентлмен во секој поглед. Но проблемот не е до него туку до мене. Јас го пуштам секаде да биде прв, бидејќи не сакам јас да бидам прва, но одредени ситуации кога е во прашање жената за било која работа е вистински џентлмен.
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Дали вашиот партнер е џентлмен?   Саб Јан 22, 2011 5:10 pm

Ценам џентлменство.А и таков е мм.Од отварање врата,прва да влезам или излезам,нарачам,палто да соблечам и облечам,единствено ретко ми померува столче да седнам.
Во ова џентлменство јас би додала и дарување на цвеќе или букет.Од кога сме заедно ,на почетокот секој месец на датата годишнина ми купување цвеќе или букет.Годинава од кога сме во брак не е секој месец но е на 2-3 месеци што е сосема доволно.
Дали вие добивате цвеќе?

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Дали вашиот партнер е џентлмен?   

Вратете се на почетокот Go down
 
Дали вашиот партнер е џентлмен?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: