Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Ме побара за жена....

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Ме побара за жена....   Пон Јан 10, 2011 2:17 pm

Секоја девојка сонува да биде побарана од својот сакан.Многу девојки не се замараат со тоа на каковначин ќе ја побара или пак колкав е прстенот, тие две работи барем според мене не се воопшто важни.Важен е чинот.
Девојки како ве запросија вашите вереници/сопрузи?

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 37
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Пон Јан 10, 2011 2:28 pm

Од секогаш сакав дечко ми да ме побара за жена па нека е и на наједноставен начин.Тој тоа го знаеше и навистина се потрудил.

Среда,7 Октомври,2009година,после речиси 2 месечно исчекување дојде и тој ден.Веќе растеретена и помалку нервозна го дочекав денот.
Дечко ми доаѓа кај мене и ајде да вечераме.Спремам вечера и случајно ѕиркам да видам што има на тв и во еден момент гледам го соблекува блузонот,кога на него маица на која пишува ,,Дали ќе се омажиш за мене,, клекнува и вади прстен во кутивче.
Јас избезумена, татко ми не гледа се смее,и него не му се веруваше.Следуваше нешто ти си мојот живот,сакам да го поминам со тебе.Јас да да да.И ми вади од под маицата маица за мене на која и од напред и од позади пишува Да.Се расплакавме,игушкавме изљубивме.
Прстенот го 1 месец дома,а 1 недела маицата и чекал да дојде среда,среќен ден.
Никогаш нема да го заборавам тој ден слатко

Едно подпрашање за сите дали девојќи вие би го побарале за маж вашиот сакан и на кој начин?
Секогаш викаме мажите да се инспиративни,ајде да видиме и ние колку сме

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 30
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Пон Јан 10, 2011 2:32 pm

Јас не би го побарала дечко ми за маж. Тој треба да го направи тоа. Синоќа муабетевме на мобилен и ми вика дека во март ке ме побарал за зена. Ми подготвувал изненадување. Сигурно ќе биде нешто романтично, бидејќи тој е романтичен.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Пон Јан 10, 2011 3:24 pm

Леле чоколатце сигурно едвај чекаш :<3:
Ние зборавме за тоа ама рековме ке почекаме да се средо мојот развод прво.Бевме по златари си одбрав прстен и рековме тој ке го чува па кога ке сака ке ме побара(а заедно живеевме веќе)И си легнавме вечерта вкревет и гледаме тв пред да заспиеме.И после полнок ми вели ти се спие?јас НЕ.Ај ми вели да се повозиме.И ме однесе во Кингс Парк.Пред тоа ме имаше прашано дали имам одено таму навечер и ми имаше кажувано колку е убаво.И кога стигнавме ме однесе на таа терасата и навистина прекрасна глетка.Се гледа целиот центар на градот и езерцето со реката.И прво почна да ми кажува колку не сака и колку му знашиме јас и син ми и ме праша дали ке се омажам за него,клекнат на колена и после цела минута му текна дека го заборави прстенот во џебот па го изваде и ми го стави на прст. :<3:
Вратете се на почетокот Go down
ivi
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 12
Female Возраст : 30
Место : skopje

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Сре Јан 19, 2011 6:40 pm

Во врска бевме 5 ипол години и последните два месеци често зборевме за тоа дека долго време сме заедно и дека е веќе време да се земеме,ама ништо сериозно
Еден ден се договоривме да идеме на bejlis во Ego,кафич кај Телеком.Си седнавме,си почнавме да си пиеме,ама он почна многу да ме брза.После пола саат почна да ми вика,ај да си одиме,да прошетаме малку,ај да испиеме побрзо и да си одиме.Се зачудив,ама си викам ај,не му се седи :) Пред да ја испијам последната голтка гледам нешто во чашата и му викам ај види што е ова,им паднало нешто,ама се несмасни хаха а пред тоа се бунев за чашата,мене мала,а на него голема чаша
И он стана,го извади прстенот од чашата и ми рече:Мислам дека сме долго време заедно,и дека немора повеќе да чекаме.Клекна и ми рече:Дали сакаш да се омажиш за мене?Јас изненадена и збунета,среќна му реков ДА и почнав да плачам и да го гушкам.Во тоа време шефот на кафичот пукна конфети над нас и во позадина на видео бим ја пуштија песната Од овој ден од В.Јаневски,мојата омилена песна. А,најголемо изненадување ми беше кога ми покажа дека има камера горе,и дека се било снимено,дека затоа ме брзал побрзо да пијам за да може се да се сними леле
Многу се потрудил,се испланирал и неколку дена спремале за се да биде совршено Бакнеж Тоа беше еден од најубавите денови во мојот живот заљубен
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Сре Јан 19, 2011 8:07 pm

Иви многу убаво, романтично, алал да му е како му текнало и се однапред да организира а ти појма да немаш за тоа, секоја чест

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Сре Јан 19, 2011 8:46 pm

Ние во врска бевме неполни 5 години, разговаравме на таа тема одамна, но се чекаше денот и мигот. Ни на крај памет дека тој ден ке ми се случи такво нешто убаво. Бевме излезени во град, се шетавме ама појма немав зошто тој ме држеше се до левата страна од него а не на десната, мене одпосле се ми текна - касно палам ахаххаах. Финтата било што прстенот го носел во десниот џеб, па за секоја случајност од безбедносни причини ме држел на лева страна ахаххаха. Седнавме на маса еден карши друг, си порачавме за јадење, јас умаорна од работа а башка и гладна како ми се јадење едвај чекав да ми донесат нешто за јадење. Тие носат бело вино се зачудив, од каде они знаат дека јас пијам бело вино? После си реков може не сум чула ако мм им рекол за пиење. Нема врска се напивме и почна нешто да ми збори, лелел целиот поцрвене ахаххаа. Вечеравме и ми носат повторно вино со некаков поклон, а мм предходно да отишол и да им го дал прстенот за да средат се ахаха, плански ептен. Кога го видов прстенот со виното се изненадив. Кога го отворив подарокот и го видов прстенот колку ли само пеперутки ми поминаа низ стомак, го избрал прстенот што јас си го сакав . Таа вечер не ми клекна изгледа му било срам од сите во ресторанот, но кога дојдоа да дадеме збор со неговие кај мене дома, тогаш пред сите клекна и ме побара за жена, али како рацете му се тресеа, колку беше црвен и препотен од возбуда, ахахаха, живи смешки.
Тие мигови се незаборавни од животот, најубавите чуства во животот

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
ivi
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 12
Female Возраст : 30
Место : skopje

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Сре Јан 19, 2011 10:39 pm

Баш така BetiBup,се беше толку организирано и романтично,повторно се заљубив во него слатко
Ама и твоето изненадување било прекрасно,многу убаво испланирал се и на многу убаво место те запросил,алал да му е,секоја чест тоо живели
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 30
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Чет Јан 20, 2011 3:15 pm

BetiBup и ivi на убав начин ве побарале за жени. Јас па ич не сакам дечко ми да ме побара на тој начин. Не сум по романтиките. Му реков кога ќе ме бара, да бидеме само ние двајца. Му беше криво на почетокот, ама се помири со тоа.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Чет Јан 20, 2011 3:42 pm

Ах Chocolate челај можеби нема да те послуша можеби слично ке те изненади па не можеш ти таму пред сите да се буниш не сакав вака слатко
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 30
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Чет Јан 20, 2011 3:44 pm

Ќе видиме какво изненадување ми подготвува. Ми вика можно е и да плачеш.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Чет Јан 20, 2011 5:16 pm

Веќе станува офф топик моево, но сепак, повеќе никаде не тргнувај без палома марамчиња и чоколадце.За ако ти падне шеќерот, а марамиците се знае :)

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
ivi
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 12
Female Возраст : 30
Место : skopje

ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   Пет Јан 21, 2011 12:17 am

Јас не очекував дека толку многу ќе се потруди околу тоа и дека толку ќе ме изненади,ама знаеше дека сакам тој ден да биде посебен и романтичен па ми ја исполни желбата букет Волшебно беше заљубен
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Ме побара за жена....   

Вратете се на почетокот Go down
 
Ме побара за жена....
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Семејството и бракот :: Свадба-
Отиди до: