Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Идеална возраст за брак

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Идеална возраст за брак   Пон Јан 10, 2011 2:14 pm

Според вас која возраст на мажот и жената е идеална за брак?


Според мене за жената е најдобро да стане мајка од 20-25 година, бидејќи имам доста и читано и слушано од блиски луѓе дека девојките во тој период најлесно ја поминуваат бременоста. Дури неодамна дознав дека девојките над 26 се сметаат во болниците за староротки.
За разлика пак, за машките сметам дек од 25-26 до 30-31 година е најдобро да стапат во брак.Бидејќи доста поминале во животот, имале време и факултет да завршат, и работа да најдат, да се опремат за почеток на нов живот, и целосно да ја оформат својата личност.

__________________________________________________



Последната промена е направена од LadyD на Чет Јан 20, 2011 12:43 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Идеална возраст за брак   Пон Јан 17, 2011 10:36 pm

За жени 24-25 години, а за мажи 25-26 години.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член


Број на мислења : 187

ПишувањеПредмет: Re: Идеална возраст за брак   Вто Јан 18, 2011 10:50 pm

па вака од мое лично искуство пред 28 години мислам дека не. јас се омажив на 31 родив на 32 и воопшто немав никакви проблеми. стара прворотка е од 30 па нагоре, ја поместија границата, а испитувања на плодот бидејќи мајката е постара се прават за жени над 35 година, така да во денешно време работите се сменети. мене лично ако ме прашате грев е на 20 години да се омажите и да раѓате деца, тоа нема да ве одмине, арно ама да не испадне после не проживеав. јас бајаги се изнашетав, се изнаизлегував и се што ќе ми кефнеше си приуштував, не дека сега нешто ми недостига ама немам ни желба ни потреба од излегување и шетање. а за шетање по светот се разбира и на 80 години ќе сакам. е сега медицински е докажано дека најдобри јајце клетки жената има од 20 до 25 години и затоа во Англија постојат центри за замрзнување на јајце клетки доколку планирате подоцна да раѓате. исто така е докажано, сега незнам колку би го зеле за точно дека пак мајки кои раѓале подоцна над 35 година децата од тие мајки се поинтелегентни. ова јас би го земала со резерва.
Вратете се на почетокот Go down
ivi
Нов член
Нов член


Број на мислења : 12
Female Возраст : 29
Место : skopje

ПишувањеПредмет: Re: Идеална возраст за брак   Сре Јан 19, 2011 7:01 pm

Јас па мислам дека нема правило за тоа на колку години треба да се стапи во брак.Мислам дека идеално време е кога врската е цврста,долга и кога двајцата ке бидат спремни за брак.Јас имам 23,мојот иден сопруг 25,па на 28ми Мај ке се венчаме.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Идеална возраст за брак   Today at 7:54 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Идеална возраст за брак
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Врски-
Отиди до: