Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Љубов на прв поглед

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 37
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Љубов на прв поглед   Вто Јан 04, 2011 2:15 pm

Дали некогаш сте се заљубиле на прв поглед?
Прашање е што е прв поглед,само гледање од далеку или запознавање и разговор?
Како и да е на прво запознавање сте почуствувале ли возбуда,можеби тој е тој,добро изгледа?

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Љубов на прв поглед   Вто Јан 11, 2011 7:23 pm

Неможам да речам дека верувам во љубов на прв поглед, бидејќи на прв поглед сметам дека неможе да се создаде ЉУБОВ, зошто моето подразбирање на зборот на љубов е доста широко, и затоа сметам дека во еден момент неможе се одеднаш да се оформи.
Може да се рече дека во моментот ви светнува сијаличката и тоа лице станува потенцијален кандидат-за да створите врска-брак со него, но дека е љубов и не би рекла баш.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Chocolate
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 305
Female Возраст : 30
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Љубов на прв поглед   Пон Јан 17, 2011 10:22 pm

Не верувам во љубов на прв поглед. На прв поглед може да се појави привлечност, меѓутоа љубов - не. Кога прв пат го видов дечко ми, имаше привлечност. Од таа привлечност се роди врска, во која се роди љубовта.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Љубов на прв поглед   Чет Јан 20, 2011 3:35 pm

Љубовта на прв поглед се случува во пет проценти од врските и истражувањата покажуваат дека тоа е повеќе последица на пустите надежи отколку на друго било што.

Жените кои веднаш се заљубуваат исто така брзо и се одљубуваат. Мажите кои се заљубуваат на прв поглед остануваат подолго заљубени. Зашто? Затоа што мажите се заљубуваат во нејзиниот изглед.

Бидејќи физичките карактеристики не се менуваат брзо, тој е задоволен некое време. Жените пак, се заљубуваат во своето мислење за мажот, до кое е невозможно да се дојде за пет минути.

Кога жената ќе открие дека тој не е толку паметен, шармантен, забавен... како што изгледа, чувствата прилично брзо испаруваат.

Љубовта на прв поглед може да се случи затоа што сте спремни за тоа (моментот е погоден) или затоа што сте запознале некој кој на прв поглед ги има најважните особини на вашиот список на желби.

Некои стручњаци велат дека нашата потсвест едноставно бира личности кои нас не потсеќаат на некој кој многу сме го сакале (на бившиот партнер или дури и на родителите). Во тој случај се јавува чувство на препознавање затоа што мирисот или чекорот одговараат на некој кој веќе го знаеме или сакаме.

Нашиот мозок многу вешто ги препознава елементите како што е обликот на лицето или нескротливиот мирис. Кога ќе ги примети веднаш почнува да ги обработува податоците и тука се јавува биолошкиот одговор во телото. Отчукувањата на срцето стануваат се побрзи, крвта побрзо струи и се чувствувате како да сте испиле шест чаши шампањ.

Во исто време, мозокот ослободува допамин и серотин, кој нас не прави посреќни и почувствителни.

Грозно, не?

Замислете да сте ја запознале вистинската личност, а всушност сте паднале на татините јагодични коски, или на мајчината боја на гласот.

Понатаму, ако чекате да ве "удри гром", премногу гледате телевизија и отфрлете го тој лигав љубовен роман! Кога и ќе ја запознаете "онаа права личност" веројатно немате ни да бидете свесни во тој момент. Но, ќе ви биде прилично јасно по неколку месеци.

Тоа не значи дека не треба да се препуштите на страстите, но немојте да го исклучите мозокот. Не е битно колку вас некој снажно ве привлекува - ако таа личност вас не ве цени, заборавете ја веднаш!

Бидете разумни и на првите неколку состаноци барајте некој знак на предупредување. Сите сме весели оптимисти кои сакаат да мислат дека ја нашле вистинската љубов.

Извор

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Љубов на прв поглед   

Вратете се на почетокот Go down
 
Љубов на прв поглед
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Врски-
Отиди до: