Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

ПишувањеПредмет: На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан   Нед Јан 09, 2011 11:56 pm

Јас сметам за себе, дека се додека го сакам,ми значи нашто во живото - сум во состојба се да сторам за него.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
http://zenskisvet.macedonianforum.net
Воскресија
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан   Вто Јан 11, 2011 12:56 pm

Еве ви еден пример за вистинска љубов.

Мислам дека се случува настанот во Кина (Јапонија не сум потполно сигурна, но сепак во тие краеви).
Двајца другари кои премногу се почитувале си се заветиле дека еден ден доколку имаат деца и едното биде машко и другото женско да станат сватови, односно да се ородат. Поминало доста време и навистина излегло така. Им се родиле деца и кога пораснале им ја договориле свадбата за да се венчаат. На почетокот момчето не сакало да се жени, но сепак татковиот збор бил пресуден и морал да биде послушен. На денот на нивната свадба кога за прв пат ја видел својата сопруга бил шокиран. Прв пат ја видел тогаш иако му кажувале дека е убава девојка, таа воопшто не била. За него била грда, ниска во раст, полна со мозолки на лицето и многу други работи, но немало назад, веќе се венчале. Започнал да не излегува по гости со неа, да не шета заедно на шопинг, да не ја покажува на другарите, едноставно се срамел од неа и таа била посојано дома. Работела од дома шиела, везела и така земала некоја пара. По извесен период им се родиле и две деца, но сепак неговото мислење за неа не се менувало. По некаде 15-20 години заболел од некоја очна болест што требало да го прават операција на окото и при тоа требало да се најде рожница да се пресади, а вооедно и таа операција била многу скапа. Лекарите пронашле рожница, ама пари немале за операцијата. Иако кутрата жена секогаш омаловажувана од својот сопруг извадила книшка на која си штедела пари и му ја дала на својот маж за операцијата. Целата нејзина доживотна заштеда му ја дала нему. Се било во ред го направиле операција, но сепак и покрај се не и дозволил на жена си да дојде во болница. Покрај него била ќерката и заедно со неа се вратил дома откако го оперирале. Влегле во својот дом, а жена му постојано плачела. Тогаш ќерката и рекла: „кажи му не плачи повеќе “. Се завртела накај него и тогаш самиот видел дека таа е онаа личност на која и била одстранета рожницата за него да му направат операција и тој да може да гледа. Таа била слепа со едното око. Паднал пред неа на колена и со солзи ја молел да му прости за се што и правел досега и ја омаловажувал. Од тој ден таа била најсветото нешто за него во животот. Тоа е вистинска ЉУБОВ.
Настанот се случил пред неколку години и е вистинит.

Па сега, дали некој би ја направил оваа жртва за оној што го сака????????????????
Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Re: На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан   Нед Јан 16, 2011 5:05 pm

Ах Воскресија не остави сите занемени мисли Е па ај да го скршам мразот да ти одговорам на прашањето НЕ не НЕ БИ ГО СТОРИЛА ОВА за мм.Навистина го сакам премногу ама си се сакам и си се почитувам самата себеси повеќе срамежливко Јас да бидам искрена не би ни била со него со тој негов третман кон неа и дефинитивно не би го сторила тоа за него.Ама во секој случај добра приказна.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан   Нед Јан 16, 2011 5:16 pm

воскресија ја знам таа приказна, многу е трогателна навистина жената дала се за мажот но тој конечно и вратил љубов.
Имаше една друга приказна слична на твојата, но во таа приказна негативен лик беше детето, се срамел од мајката. Исто како и мажот во твојата приказна, но кога го оперирале и дошол дома - видел дека мајката му ја нема, таа веќе својот живот го дала за да тој биде сега жив. Цел живот го оплакувал нејзиниот гоб и извинувајќи и се што толку многу ја подценувал и се срамел од неа. Навистина и оваа приказна е трогателна, но љубовта може се да направи за саканите!
Зависно од ситуацијата, можеби нешто јас би направила за своите сакани!

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Re: На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан   Нед Јан 16, 2011 5:20 pm

За син ми ДА ,БИ ДАЛА И ПОВЕЌЕ и за други деца кога ке имам ама за маж?НЕ
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан   

Вратете се на почетокот Go down
 
На што СЕ сте спремни да направите за вашиот сакан
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: