Брумите си ги купивме од Златара Тони во ГТЦ тој ни е одамна пријател и мајка ми и баба ми од кај него секогаш зимале злато и бидејќи знаев дека само тој ќе го направи тоа што го сакам.
Најдов слики од интернет и му однесов и ми направи онакви какви што сакам јас, по порачка, ако најдев готови такви одма ќе ги купев, ама не најдов хехе.
Накитот за свадба исто сама си го одбрав од една златара во чаршија незнам како се викаше, ама имаа многу поубав и различен накит од другите златари, нарачуваа од Италија по каталог, барав бело злато со бисерчиња и најдов конечно таму, среќа што имаа веќе готов комплет и си го земав.