LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Водици Чет Јан 20, 2011 4:12 am | |
| Водици или Богојавление е денот на кој, според христијанското предание, Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19-ти јануари кај црквите што го користат Јулијанскиот календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Овој празник се нарекува Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и дух. За спомен на оваа Божествена тајна - Крштевање на Господ Исус Христос, за спомен на овој значаен настан од животот на Неговото спасоносно дело на земјата, и денес се свети вода. Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. извор | |
|