Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот

Go down 
2 posters
АвторПорака
Воскресија
Модератор
Модератор
Воскресија


Број на мислења : 70
Female

Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот Empty
ПишувањеПредмет: Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот   Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот EmptyНед Јан 09, 2011 10:58 pm


Што мислите која е целта на вашиот живот, како вие го разбирате и објаснувате ова прашање?

Многумина од нас најчесто кога сме во пубертет и созреваме се појавуваат многу прашања. Најчестото прашање на кое многу и сеуште не пронашле одговор е тоа: Зошто живееме? Која е целта на нашиот живот? Зошто живееме на земјата и умираме?
Ќе започнам од самиот почеток. Кога Господ создаде се, целата земја, растителниот и животински свет и на крај рече: “да создадеме човек според Нашиот лик и подобие„. Според Нашиот лик, а тоа значи според образот и ликот на Господ, а според Нашето подобие тоа значи според добротата, милосрдноста, едноставно светоста. Значи првосоздадениот човек, луѓе Адам и Ева биле луѓе кои едноставно биле свети и биле господари на се на земјата. Но подоцна поради непослушание, невоздржување, кратко кажано непочитувањето на постот за воздржување од храната од забранетото дрво тие паднале и таа нивна светост ја изгубиле. Од тој момент па наваму секој човек се обидува да го постигне тој степен на светост што Адам и Ева ги имале во Едемската Градина (Рајот).
Кога пристигна Господ Исус Христос, второто лице на Светата Троица ни кажа: “бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен„. Што е совршеноста? Тоа е таа состојба во која се наоѓале нашите прародители Адам и Ева. Состојба, чувство на постојано заедничарење со Господ, притоа постојано чуствувајќи Го неговото присуство во секој чекор, секој збор, секоја мисла, секој здив... Постојано чувство дека ние сме само патници кои патуваат до вечноста, но сепак се зависи од нас самите дали тоа ќе биде рајот и пеколот. Тоа е нашата цел, барем за православниот христијанин да го постигне тоа, да ги отфрли сите негативни мисли, дела кои едноставно го одделуваат од Божјото присуство и на тој начин да ја добие благодатта од Господ, зашто само со неа ќе се спаси. Сето тоа се постигнува кога човекот ќе го исфрли од себе стариот човек, односно страстите, похотите, лошото и ќе започне свет живот полн со добродетели, помагање на другите не сметајќи воопшто на себе и не мислејќи за своето добро туку за доброто на ближниот. Тоа е втората заповед од двете главни и најголеми Божји заповеди , да го возљубиме својот ближен како себе си. Љубовта е темелот на сите добродетели ако неа ја стекнеме и ја заклучиме во нашите срца на тој начин ќе го постигнеме тоа совршенсто што ни е потребно.Човечкото гледање и осозавање е многу подруго од вистинската смисла на ова навидум лесно и едноставно прашање. Затоа размислете, која е вашата цел во вашиот живот? Вечен живот исполнет со маки или вечен живот исполнет со убавини? Ова важи за секој православен христијанин, доколку вистински верува во Господ. Обидете си да си одговорите на ова прашање. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
mama Mace
Активен член
Активен член
mama Mace


Број на мислења : 187

Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот   Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот EmptyСре Јан 12, 2011 11:39 pm

јас пак одам по една друга теорија. кога се создал светот, големата експлозија, од ништо настанало нешто. и сега да не тупам што било прво, што во која секунда и така натаму ќе прејдам на главното. бидејќи и ние сме дел од тој почеток верувам дека во себе ја носиме информацијата за се, ама буквално сите одговори на сите прашања кои може да ни текнат и на сите прашања на кои не ни текнува. па така ја имаме и информација на вашето прашање. само што кога навистина би го дознале одговорот на поставеното прашање тогаш веројатноста нашиот ум да ја прифати таа информација е многу мала барем со овој досегашен напредок, еволуција. или кратко речено би умреле. има многу примери еве само еден ќе издвојам примерот на четири бои каде што е потребно да се обои мапа на земјата без да се повторуваат, една до друга да бидат исти бои. баш од причина што како одговор е тежок за човек луѓе кои обиделе да го решат паѓаат во кома па да се живи и здрави компјутерите.значи да заокружам ,кога би дознале или еве би ја нашле целта на нашето живеење, постоење тогаш сме ја исполниле истата и нема потреба од нас повеќе.
Вратете се на почетокот Go down
 
Зошто живееме? Целта во животот на христијанинот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Најтешкото прашање во животот

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Животот поопширно :: Религија-
Отиди до: