Порано имав голем проблем со отстранувањето на шминката, некои млека за отстранувања на шминка и тоници, ме печеа, ми ја иритираа кожата,други не беа добри во отстранувањето на шминката. Но пред две години се одлучив да нарачам Божен ракавица-не многу верувајќи дека тоа што го велат е навистина така. Но луѓе ако ми верувате ракавицата само ја натопувам со млака вода, и еднаш поминувам со ракавицата од десно на лево и еднаш од лево на десно, и шминката е избришана. Толку просто и едноставно, мислам дека е божји спас за секоја жена што ужива во секојдневното шминкање. Потоа со сапунче и вода ја поминувам ракавицата и е чиста. Една таква ракавица е 300 денари, а трае година дена, јас еве веќе две и пол години ја користам, значи оваа ми е трета ракавица и сум навистина презадоволна.
Е сега пред недела дена, купив цептер ракавица за отстранување на шминка, но сеуште не сум ја употребила.
Што користите вие, и како се справувате со отстранувањето на шминката?