Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Адаптирано млеко

Go down 
АвторПорака
cakegirl
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Адаптирано млеко   Нед Јан 09, 2011 5:03 pm

Не секогаш успеваме да ги доиме нашите бебиња но не треба да се чувствуваме лошо ако не сме успеале и им даваме адаптирано млеко на нашите бебиња.Некои мајки и сами решаваат од оваа или онаа причина да не ги дојат бебињата па си ги ранат со ова млеко.Ако по било која причина им давате на вашето бебе адаптирано млеко овде можете да си поделите искуства.
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор
avatar

Број на мислења : 471
Female Возраст : 35
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Адаптирано млеко   Нед Јан 09, 2011 9:28 pm

Јас од 2 месеца почнав да ја охранувам. Почнавме со Хип но од тоа млеко завршивме во болница, потоа го сменивме и продолживме со Аптамил комфорт. И давав адаптирано млеко се до една годинка, потоа и кравкото и го воведов. Со Хипот имавме многу проблеми со столицата, имаше тврда столица.Но Аптамилот и ја регулираше столицата и бев задоволна од тоа млеко.

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор
avatar

Број на мислења : 415
Female Возраст : 38
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Адаптирано млеко   Пон Јан 10, 2011 12:58 am

Внук ми има речиси 3 месеци и го хранат со млекото на Нестле Нан 1 за новороденчиња.
Засега се е во ред и си го сака.Пакување од 300гр. е 240 денари, а од 600гр. 470 денари.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Nina
Нов член
Нов член
avatar

Број на мислења : 23

ПишувањеПредмет: Re: Адаптирано млеко   Вто Јан 11, 2011 5:14 pm

мојата бебушка е на адаптирано млеко од 1 недела па се до ден денес. така мораше затоа што јас скоро воопшто немав млеко, а таа беше мртва гладна и деноноќно плачеше. тогаш бевме избезумени , една вечер мм и мајка ми отидоа да купат млеко на своја рака и ме прашаа какво. во тој момент поим немав какво да биде, имав само слушнато дека аптамилот е наводно најдобар. земавме аптамил и до ден денес сме на аптамил. супер задоволна сум, немавме никаков проблем ниту со столицата, ниту пак со грчеви. сега веке пополека и воведувам кравјо млеко за пиење, а веќе подолго време го користиме кравјото во млечните каши.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Адаптирано млеко   

Вратете се на почетокот Go down
 
Адаптирано млеко
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Деца :: Новороденчиња до 1 година-
Отиди до: