Дали досега сте имале кандида? Како ја лекувате, дали повторно ви се појавува по подолг период?
Ја имам доста одамна. Секакви таблети и што ли уште не пробав, но залудно од ништо не поминува. Орално најчесто ми поминува со маст канестен, ама сепак ја имам внатре и не е воопшто лесно потполно да се искорени. Едно што научив е дека е потребно многу внимание на исхраната. Помалку конзумирање на благи работи, чоколади, слатки се што содржи шеќер, потоа компирот, киселото... За да се воспостави киселоста (бидејќи е нарушена и затоа се добива кандидата) потребно е да се конзумира повеќе јогурт и ако можете лук. Еве ви еден лек за кандидата, а исто и за другите инфекции, кој досега не сум го применила, а имам слушнато дека е многу делотворен.
Еден поголем чен лук се чисти, мие и се сече во должина. Се обвиткува во газа и се става како вагиналета преку ноќ, пришто еден дел од газата да остане надвор за да може да се изваде. Се повторува неколку ноќи истата постапка, не се носи преку ден.
Она што мене ми помогна е лукот, чајот од ајдучка трева, кантарион, мајчина душица. Знам дека сеуште ја имам ама не како порано со јадеж.