Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Вистински маж?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Вистински маж?   Нед Јан 09, 2011 3:54 pm

Според вас, што треба да поседува еден маж за да биде ВИСТИНСКИ МАЖ?

За мене вистински маж е оној кој знае добро да се однесува. Како се облекува не ми е важно. Џабе му е на некој ако се облекува како господин, а не знае како да се однесува.

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор


Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Нед Јан 09, 2011 4:57 pm

Вистински маж е оној кој може да заработи повеќе од колку што можам да потрошам,ама нажалост таков не постои хихи
Мајтап настрана , оној кој што знае да ме почитува и цени како што јас би го почитувала и ценела него ,ни повеќе ни помалку.
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член


Број на мислења : 22
Female Возраст : 26

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Нед Јан 09, 2011 8:07 pm

Под вистински маж подразбирам да ми пружа работи, оние нематеријалните кои се безвредни (сите знаеме што се спаѓа во оваа група, да не набројувам), оние кои во денешно време ретко кој ги дава. Материјалниот дел не ме интересира, не сум хендикеп, можам самата тоа да си го пружам и тоа на чесен начин. Жално е тоа што нашиве спонзоруши ги израсипаа добрите и уште толку ги уништија лошите момчиња, па сега се поставени стереотипите - ако имаш пари, имаш се!
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Пон Јан 10, 2011 1:31 am

Точно The-J-Girl стереотипот е и тоа како присутен,но знаеме дека не е така се со пари не се купува.
Вистински маж е оној кој најпрво е искрен,внимателен,нежен,одговорен,комуникативен и да знае да изненади.
Мислите дека нема такви ,верувајте има. Даа

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Meryl Streep
Нов член
Нов член


Број на мислења : 6

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Пон Јан 10, 2011 1:49 am

Се сложувам со Сонце. Навистина таков и треба да биде вистинскиот маж.
Се додека не стане TV е добро.
Вратете се на почетокот Go down
cakegirl
Модератор
Модератор


Број на мислења : 111
Female

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Пон Јан 10, 2011 4:56 am

Наречете ме материјалиста но не се сложувам дека материјалната страна не ја гледам.Не би била со некој кој не работи и чека од мајка му да му купи леб,кои за жал многу ги има кај нас.Маж на 30 години да чека некој друг да го рани?!?!?!Па уште се женел и деца има???Која е логиката тука?А јас да можам сама да заработам.Бев самохрана мајка и како што некои знаете зивеам во странство значи без помош од никој,сама плаќав кирија и сметки и дете гледав и ништо не ми недостигаше ни мене а камо ли на детето ама дека би била со некој легач мало морген.Сега едноставно не работам зашто платата на мм е доволна за нормален живот и мојата работа беше попладне па така да се гледавме со мм само за викенд од сабајле работев и за виканд.Па решивме да останам дома.А за работа дење не ни се исплаќе зашто градинката е многу скапа а нема кој да го чва син ми.И мојата одлука да не бидам со некој што е без работа не ја гледам како материјалистичка.Не пребарувам и немам луксузи ама за нормален живот сакам да му обезбедам на моите деца и ако тоа ме прави материјалистка е па тоа сум.А како што кажав и во претходниот мој пост најважно е мегусебно разбирање и почитување ако тоа го нема ништо не бива.Според мене овие работи се најважни заедно.
Вратете се на почетокот Go down
Сонце
Администратор
Администратор


Број на мислења : 415
Female Возраст : 36
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Пон Јан 10, 2011 12:07 pm

cakegirl сосема си во право.И воопшто не си материјалист.По ова што го кажа и јас сосема исто мислам.Да ја во мојот пост пишав за нематеријалната страна зошто така некако ми се виде самиот наслов.
Но во право си ова е доста опширна тема.Вистинскиот маж треба да се грижи за семејството и финансиски,освен секако и со физичко присуство и помош во домот и се околу него.
Точно е дека има многу 25-30 годишњаци кои седат дома и родителите ги издржуват,и згора на се создаваат семејство.Мене барем ми е сосема јасно колку може да биде тешко да се најде работа,но ако човек е во ситуација да мора да заработува пари за издршка на семејството ќе мора да работи и тоа што не го сака.
Јас не сум во таа положба па затоа имам подршка од мм во врска со тоа што да работам.
Тој работи иако не му се допаѓа работата,но воопшто не станува збор за местото на работа,туку за желбата за повеќе зошто тој тоа го може.Поради ова јас сум му благодарна и затоа за мене тој е вистинскиот маж. срце

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
The-J-Girl
Нов член
Нов член


Број на мислења : 22
Female Возраст : 26

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Пон Јан 10, 2011 1:49 pm

Тоа повторно е особина - да се биде работлив, и повторно е нематеријална. Јас сакав да потенцирам дека не е се во парите, парите доаѓаат и одат... Особините остануваат. Тој што е паметен ке спечали и ке се однесува одговорно спрема спечалените пари.
Вратете се на почетокот Go down
Meryl Streep
Нов член
Нов член


Број на мислења : 6

ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   Саб Јан 15, 2011 4:02 pm

cakegirl мислам дека си во право. Начинот на кој размислуваш во врска со животните потреби, е многу реален (приземен) и задолжително наметнат од условите на денешницата.
Мислам дека како мајка, не смее никој да те окривува заради начинот на твоето размислување, зашто тоа е сосема во ред. И дај боже да има отповеќе такви одговорни родители со правилни размислувања. Ти посакувам твоите залагања да успешно и соодветно да бидат наградени (платени).
Лично и јас го усудувам секој маж кој нема смисол за одговорност, па БАРЕМ према децата
Срам да им е на сите такви мажи
палец доле
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Вистински маж?   

Вратете се на почетокот Go down
 
Вистински маж?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Во светот на љубовта :: Љубов-
Отиди до: