Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Пецива и теста

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Пецива и теста   Нед Јан 09, 2011 3:28 pm

Кифли

1 кг. брашно
500 мл. млеко
250 г. зејтин
1 квасец
3 лажички шеќер
1 лажичка сол

Погача

1 кг. брашно
2 јајца
2 пецива
500 мл. јогурт
шеќер
сол
зејтин

__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Воскресија
Модератор
Модератор


Број на мислења : 70
Female

ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Нед Јан 09, 2011 9:37 pm

Кроасани


Потребно: 1,5 кг. меко брашно, 1 филџан масло, 1 коцка квасец, 500 мл. кисело млеко, 5 јајца, 4 лажички сол, 3 лажички шеќер, 1 лажичка панко (адитив за тесто). Фил: сирење, изварка, салама... по вкус, 250 гр. маргарин Кристал, јајце, сусам.
Подготовка: Квасецот се става во малку вода колку да го залие и се остава да се стопи, но не и да започне да кисне. Се меси тестото и се остава да кисне, ако е потребно може да се додаде малку вода или млеко. Откако ќе стигне тестото се дели на 8 парчиња. Секое парче се расукува со оклагија и се премачкува со маргарин (маргаринот се дели на 8 коцки). Се сече на неколку места и се преклопува за да се добијат слоеви како лиснатото. Потоа се става во ладилник да постои околу 15-20 минути. Постапката се повторува со сите 8 парчиња. На крај секое парче се расукува се дели на 8 парчиња и на секое парче се става од сирењето (изварка,салама...) и се заролува. Се редат во намрсен плех, се премачкуваат со жолчка од јајце и сусам и се печат. Пред да се стават да се печат не треба да ги оставате на собна температура, за да не се пуштаат туку веднаш се стават да се печат откако ќе се направат.

Овие ни се најубави и секогаш ги правам за секоја пригода, празници, имендени... Малку се поделикатни и бараат многу време, ама резултатот на крај го оправдува изгубеното време.
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член


Број на мислења : 77
Female

ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пон Јан 10, 2011 3:04 am

Пирошки
150гр компир пире, 2жолчки, 150мл млеко,1искиснат квасец, 1лаж вегета зачин,400-450гр брашно и 50 гр маргарин
Тестото треба да кисне во подмачкан сад а потоа со тапкање се прави кора со дебелина од 1 цм и од неа се сечат ленти.Се филуваат по желба(фил од сирење,фил од месо)и се остава повторно да искиснат.Се пржат во врело масло
Вратете се на почетокот Go down
Chocolate
Модератор
Модератор


Број на мислења : 305
Female Возраст : 29
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пон Јан 10, 2011 5:41 pm

Проја

3 јајца
2 филџани кисела вода
2 филџани зејтин
3 филџани бело брашно
4 филџани пченично брашно
1 пециво
200 г. сирење (гмечено со вилушка)

Јајцата се матат. Се додава киселата вода и пак се мати. Се додаваат зејтинот, белото брашно, пченичното брашно, пецивото и сирењето. Се меша со лажица и се пече во правоаголно тавче.


__________________________________________________
Вратете се на почетокот Go down
Biba
Нов член
Нов член


Број на мислења : 77
Female

ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Пон Јан 10, 2011 8:14 pm

Тесто за пица

2големи шољи со брашно
1голема шоља со јогурт
Филџан масло
1пециво
малку сол
Тестото е меко и не треба да се сука само во намрсено плехче се развлекува тенка кора со помоч на тапкање.Се филува по желба(кечап, кашкавал....). Се препорачува филот да се заврши со 2 разматени јајца з ада се зацврсне.се поросува сусам и се пече 15мин на 250 степени
Вратете се на почетокот Go down
BetiBup
Модератор
Модератор


Број на мислења : 471
Female Возраст : 34
Место : Скопје

ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Вто Јан 11, 2011 12:32 am

Мекици

1кг брашно
370г млако млеко
300г млака вода
1 квасец
3 јајца
1 капаче ракија ( да не упиваат мрснотија)
1ф мал зејтин
1голема лаж сол

2-3 пати стасува и се пржат на врел зејтин. Пријатен апетит!
" border="0" />

__________________________________________________

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Пецива и теста   Today at 10:21 pm

Вратете се на почетокот Go down
 
Пецива и теста
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Рецепти-
Отиди до: