Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Се префрливме на новиот сајт-форум
http://www.zenskitajni.com
ве чекаме, се надеваме на добра дружба и забава.
Женски свет
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Женски свет

Нов форум, форум за секоја, тинејџерка, девојка, идни и сегашни мајка, жени, сопруги...
 
HomeLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Тајни и совети

Go down 
2 posters
АвторПорака
LadyD
Администратор
Администратор
LadyD


Број на мислења : 673
Female Место : Скопје

Тајни и совети Empty
ПишувањеПредмет: Тајни и совети   Тајни и совети EmptyПет Јан 21, 2011 7:37 pm

Темата е отворена со цел, за пишување на секакви мали тајни кои ќе ви олеснат и ќе ве доведат до подобар вкус на вашите јадења.

1. Печете ја рибата
Совет за потенка линија: рибите кои содржат масти (како лососот) треба да се печат на малку маслиново масло. На овој начин се апсорбира маслиновото масло и се намалува количината на маснотии за 10%, а со тоа и непотребните калории. Потребно е само малку маслиново масло, колку да се намачка плехот. Печената риба е вкусна ако ја прелиете со лимон, со малку издробен лук и малку црн пипер. Со ова добро оди зеленчук варен на пареа.

2. Варете го патлиџанот
Варениот патлиџан е добар за помлад изглед на кожата, како и за заштита од канцер. Во споредба со свежиот домат, варениот содржи повеќе ликопен- моќен антиоксиданс. Овој елемент ја штити кожата од УВ зрачења. Можете и да го потпечете доматот во релна, на парче тост- ќе добиете вкусни и здрави сендвичи.

3. Изгмечете го лукот
Познати се лековитите својства на лукот. Едно од нив е позитивното делување на артериите, но треба да се внимава при готвење да не му ги уништите заштитните својства. Затоа, најдобро е прво да го изгмечите со нож и да го оставите да постои половина час.

4. Подгответе ја брокулата на пареа
Овој убав и вкусен зеленчук е еден од најважните продукти за намалување на ризикот од рак. Ако се подготви на пареа, ќе задржи најмногу глукозинолати- елементи кои се најважни во борбата против рак. Со останатите техники на готвење, количината на овој елемент ќе биде помала. Ако немате специјален сад за готвење на пареа, ќе послужат и некои обични. Ова јадење можете да го подготвите на следниот начин: исецкајте ги цветовите на брокулата, ставете малку вода во тенџерето. Кога водата ќе зоврие, над неа ставете метална цедалка и во неа ставете ја брокулата. Варете 6-7 минути, на среден оган.

5. Варете го месото
Многу стручњаци критикуваат претерано јадење на месо бидејќи некои својства на овој продукт можат да доведат до дијабет и срцеви заболувања. Кога месото се подготвува во вода и кога подолго се вари, се намалуваат компонентите кои ги оштетуваат клетките дури за 50%. За да месото биде повкусно, во водата за готвење додадете сезонски зеленчук и зачини.

6. Чувајте ја лубеницата на собна температура
Ако ја оставите лубеницата да отстои неколку дена, во неа ќе се зголеми нивото на ликопен и бета-каротен.
Извор
Вратете се на почетокот Go down
https://zenskisvet.macedonianforum.net
Сонце
Администратор
Администратор
Сонце


Број на мислења : 415
Female Возраст : 43
Место : Скопје

Тајни и совети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Тајни и совети   Тајни и совети EmptyСаб Јан 22, 2011 8:36 pm

* Кромидот пред пржењето проварете го малку во врела вода. Така ќе биде повкусен.

* Печурките пржете ги во малку масло. Во многу масло го губат карактеристичниот мирис.

* Тортата додека се уште е врела треба да ја сечете со загреан нож. Изладената торта подобро сечете ја со тенок конец.

* Дали тортата е печена ќе видите ако забодете чепкалка во неа. Се додека тестото се лепи за чепкалката значи дека тортата не е печена.

* Предноста на краставиците во исхраната е таа што го забрзуваат излачувањето на водата и на разните токсини од организмот.

* Најценета сорта на домати е јаболчарот поради дебелиот и вкусен месест дел со малку семки.

* Од сите продукти, со спанаќот најдобро оди компирот. Може да се послужат одделно или измешани.

* Со цвеклото може да се употребат овие зачини: дафиновиот лист, каранфилчињата, копарот, лукот, синапот, рузмаринот, лимонот и ренот.

* Со празот може да се употребат жалфијата, магдоносот, босилекот, како и рендана кора и сок од лимон.

* За сосови и конзервирање како најдобар домат се покажал оној што е во облик на слива.

* Ренот може да го додадете во супите, салатите од зелка и компири, во печен грав, во пире од компири, во кајгана и во мелено месо, за да добиете нов вкус.

* Ренот можете да го додадете во сосовите од домати, па да го користите за подготовка на својата омилена пица или да го додадете во холандски сос, па да го послужите со риба или со шпаргли. Исто така, може да го измешате со мајонез, да го комбинирате со кисела павлака или да го додадете во сосовите за јадења приготвени на скара.

Извор
Вратете се на почетокот Go down
 
Тајни и совети
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Совети
» Новости и совети за коса

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Женски свет :: Моја кујна - моја тајна :: Рецепти-
Отиди до: