LadyD Администратор
Број на мислења : 673 Место : Скопје
| Предмет: Прв чекор Нед Јан 09, 2011 2:38 pm | |
| Според вас, кој прв треба да пристапи во запознавањето, во првиот чекор кон врската?Дали девојката или дечкото?
Последната промена е направена од LadyD на Нед Јан 09, 2011 6:38 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
|
Chocolate Модератор
Број на мислења : 305 Возраст : 36 Место : Скопје
| Предмет: Re: Прв чекор Нед Јан 09, 2011 2:44 pm | |
| И јас мислам дека машкото треба прво да пристапи. Иако во денешно време и девојките први пристапуваат. Во мојот слушај, дечко ми прв пристапи. Јас немаше шанси прва да пристапам. Немав храброст. | |
|
The-J-Girl Нов член
Број на мислења : 22 Возраст : 33
| Предмет: Re: Прв чекор Нед Јан 09, 2011 7:30 pm | |
| И јас сум си традиционална и ја давам предноста на машкиот род. Не велам дека женското во никој случај не треба да го направи првиот чекор, но сепак не ми е тоа толку карактеристично за женскиот род. Жените треба да се дами, а мажите ловци. Таков е законот во природата, и сметам дека е подобро да постои и кај нас луѓето. | |
|
Biba Нов член
Број на мислења : 77
| Предмет: Re: Прв чекор Пон Јан 10, 2011 3:21 am | |
| Јас мислам дека не е воопшто важно кој прв пристапил.Признавам дека повеќе ми се допаѓа кога машките го прават тоа но немам ништо против кога и девојките први ќе пријдат.Денешните девојки се такви, амбициозни и самостојни, се трудат да го добијат тоа што го сакаат(што побрзо) | |
|
BetiBup Модератор
Број на мислења : 471 Возраст : 41 Место : Скопје
| Предмет: Re: Прв чекор Пон Јан 10, 2011 3:31 am | |
| Се знае машкото за што е , сигурно не е цвеќе за мирисање? Тој треба да пристапи, сепак ние сме женски пол, иако појаки од машките во зборење и докажување, убедување, но машките си ја тераат работата а караванот врви! хаххахаа ММ прв ми пријде, искрено ако тој не ми пријдеше ке дрмнев по некоја да немам срам и јас ке пријдев, за да не го испуштам де..... инаку како свадбата ке врвеше, НАЛИ? Ајде шала на страна - мажите треба да ни пријдат, сепак не за џабе сме понежен пол! Иако денешно време не мари кој на кого ке пријде, сега женските се мажи а мажите се жени! Тие се срамат да им пријдат на девојките освен кога се во машко друштво и се поттикнати од другарите - за да не им се потсмеваат ке мораат први да го полечат чекорот. Тоа ти е, секојдневие е веќе. | |
|